Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Египќаните против Нетфликс: Клеопатра имала бела, а не црна кожа
Забава

Египќаните против Нетфликс: Клеопатра имала бела, а не црна кожа

април 24, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Египетскиот адвокат Махмуд ал Семари поднесе тужба против Нетфликс за кршење на законите за медиуми и обидите „да го избрише египетскиот идентитет“, а и најпознатите археолози во земјата, Захи Хавас стои на ставот дека Клеопатра имала „бела кожа, а не црна“.

Родена во Александрија во 69 година п.н.е., Клеопатра Седма била последната владетелка од династијата на Птоломеј Први, генералот на Александар Македонски. Таа на престолот го наследила нејзиниот татко Птоломеј Дванаесетти и владеела од 51. година п.н.е. и владееше до нејзината смрт во 30. година пр.н.е. После тоа, Египет потпаднал под римска доминација. Припадниците на Птоломејската династија, говореле најмалку девет јазици, меѓу коишто и древномакедонски, старогрчки, но и сириски, медски, етиопски јазик, според Плутарх, а самата таа била меѓу ретките владетели кои научиле и древноегипетски.

Етничкото потекло на мајката на Клеопатра е непознат, а некои историчари велат дека е можно таа да била домородна Египќанка, или од друг дел на Африка.

Клеопатра во серијата на Нетфликс овојпат ја глуми Адел Џејмс, која е од делумно африканско црнечко потекло. Продуцентите велат дека тоа е „одраз на вековната дебата за расата на Клеопатра“.

Џејда Пинкет-Смит, американска глумица која е наратор и продуцент на оваа драма, рече: – Не гледаме, ниту слушаме често приказни за црните кралици, и мене и на мојата ќерка, и на нашата заедница ни е многу важно овие приказни да бидат познати.

Сите овие изјави се осудени во Египет. Захи Хавас, истакнат египтолог и поранешен министер за антиквитети, тврди дека тоа е измислица.

– Нетфликс се обидува да предизвика конфузија со ширење лаги дека потеклото на египетската цивилизација е црнечко, изјави тој.

Махмуд ал Семари побара од државниот обвинител да преземе „неопходни правни мерки“ и да го блокира пристапот до услугите на Нетфликс во Египет. Нетфликс е обвинет за промовирање афроцентризам и бришење на египетскиот идентитет.

Адел Џејмс на Твитер кусо им одговори: „Ако не ви се допаѓа поделбата на улогите, не гледајте“.

 

 

Фото: Фејсбук.

клеопатра Нетфликс
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Месечен хороскоп за октомври 2026: Дознајте што ви носат ѕвездите на полето на љубовта, работата и здравјето

октомври 2, 2026

Шестгодишно девојче од Кина го собори женскиот светски рекорд во местење Рубикова коцка

септември 29, 2026

Октоберфест, фестивалот на пивото во Минхен почна

септември 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.