Неколку неповолни фактори минатата недела предизвикаа пад на берзанските индекси, најголем во последните шест месеци.Се издвојува „пораката“ на ФЕД дека каматните стапки ќе останат на високи нивоа подолго од очекуваното.
Всушност, ова не треба да изненадува, бидејќи Банката на федерални резерви долго време го задржа својот став на „јастреб“.
Но, очигледно, одново и одново, одреден дел од инвестициската јавност верува дека заострувањето на монетарната политика е готово и дека следната година ќе следи намалување на каматните стапки.
Се очекуваше ФЕД минатата среда по дводневната седница да ја остави основната каматна стапка непроменета во опсег помеѓу 5,25 и 5,50 отсто, но јасно навести дека се очекува уште најмалку едно зголемување на каматите и дека тие ќе останат на овие нивоа на кои инвеститорите не се навикнати по финансиската криза во 2008 година, кога централните банки ги преплавија пазарите со ликвидност.
Со неохрабрувачките вести од состанокот на Федералните резерви во септември, некои негативни фактори се почувствуваа на најголемите берзи: приносот на 10-годишната американска обврзница надмина 4,5 отсто за прв пат во 16 години (се повеќе инвеститори повикуваат на купување обврзници наместо на вложуваат на ризичната берза и знаејќи дека со повратот ќе ја покријат барем инфлацијата, мирно спијат), на американските државни служби повторно им се заканува затворање доколку до 30 септември нема договор во Конгресот, цените на нафтата опасно се приближуваат до сто долари (што секако ќе влијае на инфлацијата), но треба да се земе предвид и историскиот факт дека се наоѓаме во период кога берзанските индекси во просек имале најлоши приноси.
Њујоршкиот СиП 500 (S&P 500) загуби 2,9 отсто од понеделник до петок, што е негов најголем неделен пад од март. Амариканската банка истакнува дека капиталните фондови ширум светот забележале одлив од 16,9 милијарди долари минатата недела, до средата (20 септември), што значи дека инвеститорите оваа година продале акции повеќе од кога било досега.
Во меѓувреме, обврзничките фондови продолжуваат да бележат приливи веќе 32-ра недела по ред.
И покрај се, индексот СиП 500 оваа година е во плус од 12,8 отсто, што е убав успех, а треба да се додаде дека минатогодишниот пад беше доста изразен (-20%).
Да потсетиме, првата половина од оваа година беше одлична на Волстрит, а од крајот на јули СиП загуби шест отсто. И покрај сите неизвесности што на почетокот на есента доминираа на финансиските пазари, Америкаската банка (Bank of America) пред неколку дена ја зголеми целната вредност на индексот СиП 500, кој годината треба да ја затвори на 4.600 поени, или добри шест отсто повеќе од сегашната вредност.
Затоа, по есенската малодушност треба да следи традиционалниот оптимизам на крајот на годината.
Наводно, во Амариканската банка се уверени дека поголема корекција кон долу не доаѓа предвид, бидејќи со секој пад на цената на пазарот влегуваат многу нови купувачи кои во првата половина од годината не се осмелија да ризикуваат и да купат акции поради опасноста од американска рецесија, но сега се повеќе се свесни дека стравот бил непотребен и дека рецесија можеби воопшто нема да има.
(Извор: СЕЕбиз)







