Огромна експлозија после која следеше пожар се случи рано утринава во магацин во главниот град на Узбекистан, Ташкент, објавија новинските агенции Ројтерс и АФП, цитирајќи локални медиуми.
На социјалните мрежи кружат неколку видеа на кои се гледа огромен оган и чад како се крева угоре низ небото.
Експлозијата се случила во објект во близина на аеродромот во Ташкент, објави локалниот портал Дарио.
Засега нема вести за жртви.
Руската државна новинска агенција Тасс, повикувајќи се на информации добиени од Министерството за внатрешни работи на Узбекистан, објави дека пожарот избувнал во еден од магацините во градскиот кварт Сергели, откако зградата била погодена од гром.
Магацинот бил во сопственост на Интер Логистик, соопшти Министерството, пренесува Тасс.
Се чини дека нема прекин на меѓународниот сообраќај на аеродромот во Ташкент во текот на ноќта и утринава, покажуваат податоците на порталот Flightradar24.
Ташкент е најголемиот град во Централна Азија, а метрополата на таа поранешна советска држава има околу три милиони жители.
(Фото: Твитер)







