Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики
  • На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените
  • Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон
  • Трамп нема да присуствува на планираните предизборни митинзи за викендот во Ајова и Канзас, го искара новинарот кога го прашаа за неговото здравје
  • Неколку земји од ЕУ ќе ослободат 43 милиони барели нафта од своите резерви во наредните месеци
  • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
  • СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
  • ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЕКСТРАДИЦИЈА: Азиски нарко бос испорачан во Австралија
Во Фокусот

ЕКСТРАДИЦИЈА: Азиски нарко бос испорачан во Австралија

декември 22, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Најбараниот азиски крал на дрогата Це Чи Лоп (59) е екстрадиран во Австралија каде му се заканува доживотна казна затвор.

Це, познат како „Ел Чапо од Азија“, е обвинет дека водел мултимилијардерска трговија со дрога во неколку земји, од Јапонија до Нов Зеланд, пишува Би-Би-Си.

Се верува дека тој е на чело на организација која доминира на азискиот нелегален пазар на дрога, вреден 70 милијарди долари.

Нарко босот со канадско државјанство лани беше уапсен на холандски аеродром од Интерпол.

Австралиската полиција објави слики на вооружени полицајци кои со лисици го носат од авионот во аеродромот во Мелбурн.

Денеска, Це треба да се појави пред локалниот суд.

Криминалната група на азискискиот нарко-бос шверцувала огромни количества метамфетамин, хероин и кетамин во Австралија во пакувања за чај. Обвиненијата на Австралија против Це се однесуваат на криумчарења од 2012 до 2013 година кога во земјата бил „увезен“ метамфетамин во вредност од 4,4 милиони австралиски долари, што е износ од 2,98 милиони американски долари.

Полицијата во домот на Це во Мелбурн пронашла над четири милиони австралиски долари во готовина, 99 дизајнерски чанти и жолто „ламборџини“.

Австралиската полиција го лови повеќе од една деценија.

Се вели дека поголемиот дел од неговата дрога завршила во Сиднеј и Мелбурн.

Це е приведен на аеродромот „Шипхол“ во Амстердам, во јануари 2021 година, додека се обидувал да се качи на авион.

Це ги негира обвиненијата за дрога. Тврди дека неговото апсење го наместиле австралиските власти и дека австралиската полиција незаконски организирала негово протерување од Тајван во Канада, вклучувајќи застанување во Холандија, за да може таму да биде уапсен.

Во апсењето на Це биле вклучени повеќе од 20 агенции. Се вели дека Це последниве години живеел во Хонг Конг, Макао и Тајван. Во затвор поминал девет години откако во 90-тите беше уапсен заради трговија со дрога во САД.

Австралија актуелно дрога канада мелбурн шверц
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.