Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЕК: Економскиот раст на Северна Македонија со позитивни изгледи, да се внимава на ризиците
Економија

ЕК: Економскиот раст на Северна Македонија со позитивни изгледи, да се внимава на ризиците

јули 11, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Годишната анализа на Европската комисија за економските реформски програми на земјите кандидати за членство во ЕУ покажува позитивни трендови за Северна Македонија и го привлекува вниманието на сите чинители кон предизвиците.

Европската комисија констатира дека економскиот раст во земјава повторно зема залет и дека изгледите се позитивни.

„Благодарение на силниот извоз и силната домашна потрошувачка, бруто домашниот производ (БДП) е зголемен за 2,7 отсто во 2018“, стои во годишниот извештај за Економската реформска програма (ЕРП) на Еврокомисијата.

Очекувањата се дека економијата ќе продолжи да расте од 3,2 отсто во 2019 до 5,1 отсто во 2021, пред сѐ благодарение на домашната побарувачка.

Меѓутоа, предупредува Еврокомисијата, надворешните околности би можеле да се влошат повеќе од очекуваното, со што се става во опасност оваа оптимистичка прогноза.

Притоа постои ризик увозниот раст да се зголеми повеќе од планираното поради зголемена домашна побарувачка, додека пак прогнозите за инвестициите можат да бидат доведени во прашање поради слаба имплементација на планираните инфраструктурни проекти и нискиот импакт на зголемената финансиска поддршка за приватни инвестиции, стои во годишната проценка на Европската комисија.

Во однос на фискалната стабилизација, Комисијата смета дека дел од мерките можат да бидат недоволни на долг рок, пред сѐ поради ризиците поврзани за нивната имплементација.

„Зацврстувањето на фискалната одржливост би барала дополнителни напори за мобилизација на приходите и промена на политики кои носат заштеда, вклучително и пензискиот систем“, стои во извештајот.

Европската комисија смета и дека е потребен поголем надзор врз растечкиот долг на јавните претпријатија, кои работат надвор од рамките на владиниот фискален режим.

Клучните предизвици, според Комисијата, се стабилизацијата на јавниот долг преку намалување на примарните дефицити, истовремено зачувувајќи го растот и поттикнувајќи капитални трошоци.

Европската комисија, меѓу другото, предлага мерки за подобрување на наплатата на приходи и намалување на даночните изземања, како и потранспарентна рамка за државната помош и дополнителна реформа на пензискиот систем.

Истовремено, европската извршна власт предупредува дека овие фискални реформи не смеат да се одвиваат на штета на инвестициите во јавната инфраструктура и образованието.

Во однос на образовниот систем, според Комисијата, потребна е темелна реформа на секој степен, вклучително и неформалното образование, со цел подобрување на состојбите за ранливите категории, како жените, одредени етнички заедници и одредени региони кои постојано се соочуваат со високо ниво на невработеност.

Земјата има проблем и со ниското ниво на квалификација на работниците, кои поради тоа не успеваат да најдат работа и се повеќе склони кон емиграција.

Неформалниот сектор, исто така, продолжува да претставува опасност за економијата и за бизнис климата, смета Комисијата, бидејќи тој создава нефер услови на конкурентност и ги ограничува можностите на легалните бизниси да се развиваат и инвестираат во развој, иновација и продуктивност.

Освен тоа, непријавените приходи и работа ја оштетуваат економијата и ги намалуваат можностите и условите на вработување, како сигурноста и безбедноста.

Еврокомисијата е свесна дека ова прашање е посебно деликатно и дека ќе бидат потребни внимателно осмислени мерки.

ЕК Економскиот раст позитивни изгледи северна македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ

ноември 5, 2026

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.