Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во понеделникот го предупреди Израел на „недискриминирачки“ напад врз цивилите во Газа во неговата војна против Хамас.
Ердоган во телефонски разговор го предупредил својот израелски колега Исак Херцог дека „колективните и неселективни напади врз жителите на Газа само ќе го зголемат страдањето и ќе ја засилат спиралата на насилство во регионот“, се наведува во соопштението за печатот на турското претседателство.
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант во понеделникот нареди „целосна опсада“ на Појасот Газа и најави дека израелските власти ќе го прекинат снабдувањето со електрична енергија и ќе ја блокираат испораката на храна и гориво.
Министерството за здравство на Газа во понеделникот соопшти дека бројот на загинати во палестинската енклава достигна 560 откако израелските сили започнаа воздушни напади во саботата како одмазда за ненадејниот напад на Хамас врз Израел.
Во тој напад и во судирите што следеа на израелска страна загинаа околу 800 луѓе, објавија во понеделникот израелските медиуми на хебрејски јазик.
Фото: EPA-EFE/MOHAMMED SABER







