„Се плашам дека чекорите преземени од австрискиот премиер го водат светот кон војна меѓу крстот и полумесечината. Вие го правите тоа, а ние ќе седиме со преклопени раце? Тоа значи дека и ние исто така ќе преземеме некои мерки”, изјави Ердоган.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц соопшти дека Австрија ќе протера неколку имами финансирани од странство и ќе затвори седум џамии по анализа на определени видео-материјали добиени на почетокот на годинава.
„Паралелните општества, политичкиот ислам и радикализмот немаат место во нашата земја“, изјави австрискиот премиер Курц.







