Израелската полиција соопшти денеска дека упаднала во простории на група што наликува на култ, во која десетина жени и деца биле држени и злоставувани како во „ропски услови“, во православниот дел на Ерусалим.
Полицијата соопшти дека шеесетгодишниот маж уапсен заради сомневање дека раководел со групата дека сторил тешки кривични дела нал лица кои биле под негово влијание, пренесе АП.
Тој и осум жени, негови соучеснички, се сомничат дека изолирале околу 50 жени во комплекс, како и деца на возраст од една до пет години, спречувајќи ги да имаат контакт со семејствата и надворешниот свет.
Главниот осомничен, којшто не е именуван, се товари и за кражба на пари и примена на различни облици на казни.
Во текот на тајната полициска истрага откриени се детали за случајот од жени, кои побегнале од групата за која властите велат дека е „култ“.
Полициската рација е извршена во соработка со Израелскиот центар за жртви на култови.







