Германската нискобуџетна авиокомпанија „Еуровингс“ објави дека е принудена да откаже стотици летови поради вториот штрајк на пилотите најавен за само неколку недели.
Од 400-те летови планирани за понеделник, авиопревозникот реализираше 230. За денес и утре, до кога трае штрајкот, компанијата се очекува да има повеќе од половината од своите летови.
Гранковиот синдикат ги повика пилотите на Еуровингс“ целосно да престанат со работа од понеделник на полноќ до крајот на среда.
Причина се недоволните отстапки од страна на работодавачот во однос на колективниот договор за подобри услови за работа.
Сепак, „Еуровингс“ има половина од своите летови поради фактот дека со штрајкот не се опфатени австриската филијала „Еуровингс Европа“, како и „Еуровингс Дискавер“, која лета од Франкфурт и Минхен.
Новиот распоред на летови денес и утре ќе биде објавен веднаш штом ќе се знае колку пилоти ќе дојдат на работа и покрај штрајкот.







