Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Еуроњуз: Софија го блокира Скопје поради своите внатрешнополитички проблеми
Политика

Еуроњуз: Софија го блокира Скопје поради своите внатрешнополитички проблеми

ноември 13, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Долгогодишниот спор меѓу Северна Македонија и Грција е решен, а европските лидери му дадоа зелено светло на Скопје за влез во ЕК. Но, пред Северна Македонија постои уште една пречка – Бугарија, наведува Еуроњуз во анализата „Бугарија става кочници за соништата на Северна Македонија за ЕУ. Еве зошто“.

Според Еуроњуз, Бојко Борисов тоа го прави poради неговите внатрешнополитички проблеми.

Софија, која моментално e зафатена со долготрајни антивладини протести, се противи на започнувањето на разговорите за членство, велејќи дека не е задоволна од „сегашната рамка за преговори“.

Протестите против корупцијата во Бугарија траат повеќе од 100 дена, а демонстрантите бараат оставка од премиерот Бојко Борисов и главниот обвинител Иван Гешев.

Тие се обвинети за поврзаност со олигархиската мафија.

Борисов, кој одби да поднесе оставка, досега преживеа пет гласања за недоверба во Парламентот.

Непријатна вистина е дека процесот на проширување е привлечна алатка за членките на ЕУ да наметнат политики и промени на нивните соседи кои се надвор од ЕУ.

За Бугарија, процесот на пристапување кон Северна Македонија е начин да извлече отстапки во исклучително деликатен момент за Скопје.

Иако повеќето од барањата се нематеријални прашања како идентитетот и
историјата, тие ја одрaзуваат потребата на бугарската Влада да заземе силна националистичка позиција поради внатрешнополитички причини.

Особено во време на обвинувањата за корупција, улични протести и економски тешкотии заради пандемијата, пишува Еуроњуз.

Македонски или бугарски?

Во анализата се посочува дека исто како и со Атина, и прашањето на Софија се однесува на името, овојпат на јазикот.

„Бугарското противење на пристапувањето на Северна Македонија има врска со историјата и идентитетот. Особено, Бугарија сака Северна Македонија да признае дека јазикот што го зборува македонското мнозинство во Северна Македонија не е „македонски, туку бугарски – или негов дијалект”, вели за Еуроњуз, Ангелос Хрисогелос, соработник на Програмата за Европа на Четам хаус, независниот политички институт со седиште во Лондон.

„Тие исто така сакаат Скопје да го признае бугарското потекло на македонската нација и да се откаже од какви било тврдења дека во Бугарија има посебно македонско малцинство, што Софија не го признава бидејќи ги смета сите кои се нарекуваат Македонци како Бугари“, посочува Хрисогелос.

Според Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС), наведува Еуроњуз, етничките Македонци сочинуваат 10 проценти од населението во Бугарија.

ИФИМЕС, исто така, во неодамнешната анализа тврди дека „бугарскиот и македонскиот јазик се два различни јазика за кои во меѓусебната комуникација е потребно толкување/превод, за разлика од на пример, во случајот на српскиот и
хрватскиот јазик за кои во јазичната комуникација не се бара толкување/превод.

Имиџот на ЕУ е нарушен на Балканот

Несиполнувањето на ветувањата кон земјите од Западен Балкан го нарушува имиџот на ЕУ и ја компромитира политиката на проширување, посочува Еуроњуз.

Бугарија стана членка на НАТО во 2004 година и се приклучи во ЕУ три години подоцна.

Минатата година Брисел оцени дека напредокот на Бугарија во реформата на судството, борбата против корупцијата и справувањето со организираниот криминал оттогаш е „доволен“, но забележа дека има простор за подобрување.

Оттогаш Брисел стана построг во однос на прашањата за владеењето на правото, но
аналитичарите сепак ја осудуваат бавноста на ЕК да реагира и да казни за неисполнување на обврските.

Комисијата, на пример, „благо ги прекори обидите на владата Софија да ги прекине протестите со сила“, вели Џуди Демпси од истражувачкиот центар Карнеги Европа.

Според неа, деновите на Борисов на власт може да бидат избројани, ако групата на која и припаѓа неговата партија во ЕП – Европската народна партија, се изјасни против него. Но, како што стори и со Виктор Орбан, ЕПП зазема мек пристап и кон Бугарија, вели Демпси.

За Хрисогелос „инцидентот е уште еден сигнал за длабоките компликации што ја прават политиката на проширување на ЕУ – некогаш нејзината најефикасна алатка за надворешна политика – слаб и неефикасен инструмент денес“.

„Тоа покажува дека, како што ЕУ станува сè поголема и поразновидна, станува сè потешко да се воспостават заеднички позиции и норми на нејзината надворешна политика без да биде попречувано од специфични национални агенди. Ова му штети на имиџот на ЕУ во регионот и внесува сомнеж во нејзините ветувања дека проширувањето ќе биде веродостојно за другите земји од Западен Балкан“, додава Хрисогелос, во написот на Еуроњуз, насловен „Бугарија става кочници за соништата на Северна Македонија за ЕУ. Еве зошто“.

актуелно Еуроњуз скопје Софија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.