Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЕУ е едногласна дека Македонија ги исполнува условите за преговори
Македонија

ЕУ е едногласна дека Македонија ги исполнува условите за преговори

мај 12, 2021Updated:мај 13, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email
Вториот ден од посетата на македонската делегација предводена од премиерот Зоран Заев во Брисел потврди дека нема сомнеж во ниту една ЕУ институција дека Македонија ги исполнува сите услови за формален почеток на преговорите.
Македонската страна бара од Брисел засилен ангажман за да се реализира оваа цел, јави МИА.
По средбите со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен во понеделникот, вчера премиерот Зоран Заев продолжи со средби со челниците на Европската Унија. Најзначајна беше онаа со високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Јосеп Борел.
Борел, кој претходниот ден изјави дека одвојувањето на Северна Македонија и Албанија не доаѓа предвид, оваа порака повторно ја упати и по средбата со премиерот Заев.
„Северна Македонија ги исполнува потребните услови и заслужува да премине на следната етапа“, изјави Борел по средбата со Заев.
Шефот на европската дипломатија потсети дека Македонија е една од двете земји кои најдолго чекаат пред вратите на ЕУ.
„Има силна поддршка за одржување на првата Меѓувладина конференција со Северна Македонија што поскоро. Знаеме дека чекате одамна, можеби 16 години, и сте втората земја што најдолго чека пред вратите на проширувањето“, рече високиот претставник за надворешна политика на ЕУ.
Борел додаде дека Македонија може да смета на поддршката на Европската Унија за изнаоѓање решение за процесот на пристапување во ЕУ, како и во борбата против пандемијата од Ковид-19. Тој ја пофали државата и за нејзиниот висок степен на усогласеност со надворешната политика на ЕУ, нешто што, рече тој, се постигна во тешки услови.
Пофални зборови вчера пристигнаа и од Европската Комисија преку потпретседателот на оваа институција, Марош Шефчович.
„Нашата проценка не е сменета и ова беше јасно пренесено на средбата помеѓу претседателката фон дер Лајен и премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев“, изјави Шефчович, додавајќи дека шефицата на Европската Комисија ги пофалила извонредните реформски напори на државата и изразила надеж дека ќе се тргне напред со Македонија.
Вториот човек на Европската Комисија истакна дека тие го имаат и поширокиот геополитички контекст на ум кога станува збор за Македонија за која ЕУ е единствената стратешка опција.
„ЕУ перспективата претрпе штета со пандемијата од Ковид“, рече Шефчович и изрази надеж дека после оваа прва тура вакцини донирани од ЕУ, ќе пристигне уште една.
Од страна на Советот, исто така, се охрабри јавноста дека се вложуваат максимални напори за да се оствари усвојувањето на преговарачката рамка и одржувањето на првата Меѓувладина конференција пред крајот на јуни, кога завршува португалското претседавање со ЕУ.
„Португалското претседателство се обидува да турка за двете земји да започнат преговори во исто време и ќе продолжиме да го правиме тоа, ангажирани сме со сите релевантни власти за да видиме како претседателството може да ги поддржи преговорите и да ја свика Меѓувладината конференција со Северна Македонија и Албанија за време на нашето претседавање“, изјави Ана Паула Закариаш, државна секретарка за европски прашања на Португалија, која вчера претседаваше со министерскиот состанок на ЕУ за општи работи, телото кое ја носи конечната одлука за одржување на Меѓувладината конференција.
Таа нагласи дека се водат разговори и со Скопје и со Софија за да се надмине блокадата на патот на Македонија.
„Разговараме со релевантните македонски власти и со бугарските власти и даваме се од себе за да видиме дали постои можност за преговори до јуни“, додаде Закариаш.
Заев од своја страна истакна пред сите соговорници во Брисел дека преговори се прифатливи за Македонија само под услов тие да не задираат во македонскиот идентитет и јазик. Впрочем, еден од условите на Македонија е да стои „македонски јазик“ во самата преговарачка рамка која допрва треба да се усвои. Оваа рамка ги дефинира начелата на преговарачкиот процес помеѓу Скопје и Брисел и треба да биде усвоен, како од европска, така и од македонска страна.
„Осигуравме дека и во Европската Комисија и во Европскиот Парламент и во која било друга европска институција, клучните претставници знаат и разбираат дека нашиот македонски идентитет не е за преговори и никогаш нема да биде за преговори“, изјави вчера премиерот Заев.

Порачавме, рече Заев, јасно и гласно тргнете ја секоја дискусија за македонскиот јазик и македонскиот идентитет од масата за разговори во Брисел и после можеме да продолжиме да разговараме за нашата европска иднина.

Ние, како што посочи премиерот, имаме и гордост и сопствен идентитет.

„Гордоста можеме да ја засилуваме или смируваме, но идентитетот и јазикот македонски ни е неприкосновен, еден и единствен, непроменлив. Со македонскиот идентитет не смее и нема да си игра нити мојата Влада, ниту која било друга Влада, а уште помалку друга држава или Унија во која не сме членка“, додаде Заев. 

Во посета на Скопје вчера беше и чешкиот министер за одбрана, Лубомир Метнар, чија земја не прифаќа вметнување на идентитетските прашања во ЕУ процесот на проширување. Метнар вчера се сретна со неговата македонска колешка, Радмила Шекеринска и повтори дека неговата земја не ги поддржува историските барања на Бугарија.

„Чешката Република  го поддржува влезот на Северна Македонија во ЕУ, би сакале овој процес да се одвива со побрзо темпо. Со оглед на историските последици  понудив помош во комуникација и доколку има интерес би можеле да и помогнеме на Северна Македонија со наши искуства. Што се однесува на историските аспекти, Чешка исто така имаше проблеми со тоа. Ние ја поддржуваме Северна Македонија, не ги споделувам идеите за историската позиција на Бугарија. Посакувам што е можно побрз влез на Северна Македонија во ЕУ. Затоа што членството во евроатлантските структури ќе обезбеди поширока безбедност на целиот регион“, рече Метнар.
Премиерот Заев престојува во Шпанија по што ќе замине за Грција.
Идната недела тој треба повторно да се врати во Брисел за регионална средба со лидерите на шесте земји на западен Балкан со Јосеп Борел.
актуелно бугарија договори ЕУ исполнување северна македонија услови
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.