Европската унија со нетрпение очекува формирање на нова влада во чиј фокус на активности би биле евроинтеграциите. Одлуката за тоа е во рацете на партиите во Парламентот изјави евроамбасадорот во Македонија, Самуел Жбогар, при денешната посета на Прилеп во рамките на кампањата „ЕУ за тебе“.
Жбогар се осврна и на претстојната посета на еврокомесарот Јоханес Хан на Македонија.
Тој истакна дека Хан ќе има билатерални средби со политичките лидери, како и со други чинители.
„Мислам дека со неговото доаѓање ќе добиеме подобар впечаток, од прва рака, за тоа каде сме и на кој начин ние како ЕУ можеме понатаму да ја подджиме земјата, рече Жбогар.







