Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски коментирајќи го денешното разрешување на Марко Зврлевски вели дека „паднал“ најголемиот заштитник на криминалот. Жерновски е убеден дека Македонија може да биде правна држава и верува дека оваа власт тоа искрено го сака.
Еве што напиша Жерновски на својот Фејсбук профил:
Падна последниот бастион на мафијата!
Разрешен е Марко Зврлевски, најголемиот заштитник на криминалот во историјата на независна Македонија. Позицијата јавен обвинител мора да биде доделена не чесна, професионална и цврста личност, која вистински ќе се бори Македонија да стане правна држава. Убеден сум и знам дека такви професионалци Македонија има, како што знам и дека Македонија може да биде правна држава.
Сега дојде време за тоа и верувам дека оваа власт тоа искрено го сака. Сега сум уште повеќе убеден: „Има мир, ќе има и правда“
Од ден во ден сме се поблиску, иако некои мислат дека се движиме споро. Чекор по чекор, градиме силна, демократска, праведна и просперитена Македонија!







