Најмалку четири лица загинаа во руски ракетен напад врз градот Лавов, во западна Украина, а спасувачите трагаат по преживеани меѓу остатоците од станбена зграда, изјави локалниот градоначалник.
„Три луѓе се убиени“, напиша градоначалникот Андриј Садови во објавата на неговиот профил на Телеграм.
Патем, посочи дека улицата ќе остане затворена се додека луѓето од итната помош не ги „исчистат остатоците и не ги извлечат сите мртви“.
Садови во претходна објава истакна дека осум лица се ранети, но не е јасно дали во таа бројка се вклучени и тројцата загинати. Информираше и дека се оштетени околу 60 станови и 50 автомобили.
Регионалниот гувернер, Максим Козитски, објави видео од 13 секунди кое прикажува широка четирикатна станбена зграда на која и недостасуваат делови од горните катови и урнатини.
Објавите на официјалните лица уследија после воздушните предупредувања низ Украина и извештаите за крстосувачки ракети кои влегле во украинскиот воздушен простор. Садови извести за серија експлозии во градот.
(Фото: Инстаграм)







