Во сабота во источните и југоисточните краеви од земјата стигнува нов топлотен бран, којшто во недела ќе ја зафати целата држава.
Метереолозите предупредуваат на високата температура од 14 до 17 август во источните и југоисточните делови од Македонија, а од недела до вторник живата во термометрите ќе достигне до 39 степени Целзиусови.
Инаку, најновиот бран е последица од жештината која стигнува од северот на Африка и која веќе предизвика рекордни температури во Европа.
Тропскиот бран ќе го зафати целиот југ на контитентот и ќе се шири кон северот.
(Фото: МИА)