Слободан Боба Живојиновиќ некогаш деветнаесетти играч на светската ранг листа на најдобри тенисери, за поранешна Југославија играше од 1981 до 1991 година. Едно време беше и најдобар играч на светот во парови. До појавувањето на Новак Ѓоковиќ беше најдобар српски тенисер.
„Каде ќе ми беше крајот ако се хранев како него. Сигурно ќе бев подобро рангиран од 19-то место. Знаев да изедам и половина јагне и после тоа да играм меч“, вели Живојиновиќ.
Во негово време тенисот не бил толку популарен во Србија па се потсетува на една анегдота во интервјуто за спски Курир.
„Професорот по физичко ме забележал и ми рече дека требало да се занимавам со бокс или некоја друга боречка вештина. Јас тогаш веќе бев државен јуниорски првак во тенис. Кога му кажав со што се занимавам ми рече: ’отиде ти во педери’“, низ смеа раскажува Боба.
Во Белград, вели, никогаш не загубил ниту еден меч, а подоцна се појавиле двајца Горановци, Прпиќ и Иванишевиќ. Со Прпиќ, истакнува Живојиновиќ, ќе го освоеле Девис купот ако не почнела војната во Југославија.
„Во 1985 година Горан (н.з. Иванишевиќ) ми ги собираше топчињата“, вели Живојиновиќ за Курир.
Слободан Боба Живојиновиќ ќе остане запаметен по легендарниот меч со Џон Мекинро во четвртфиналето на Австралија Опен во 1985 година. Мекинро, изнервиран, во четвртиот сет влезе во полемика со сите околу себе. Тој почна расправија со судијата и со супервизорот на турнирот. Додека се караше со нив, Боба седна во ложата на трибината и јадеше сендвич и пиеше вино.
„Мекинро е страшно интелигентен спортист. Нема шанси во така долги мечеви да бидеш сконцентриран цело време. Кога почуствува дека почнав да владеам на теренот, се обиде да ме ’излади’. Протестираше кај судиите за се и сешто. Јас, пак, кој пораснав на белградскиот асфалт не сакав да бидам дел од таа претстава. Отидов надвор од теренот и си зедов сендвич, а фасцинантно е каков аплауз добив кога се вратив назад. Мекинро не можеше да верува“, се присетува Живојиновиќ.
Мекинро на теренот му рекол дека „ќе плати за ова“, а тој многу вешто го искористил тоа.
„Тогаш јас отидов кај судијата и му реков дека ми се заканува. Тоа беше крај, петиот сет го загуби со 6:0. Последниот ретрн му отиде преку стадионот, а после мечот не дојде на прес конференција поради што беше казнет со три месеци неиграње“, заклучува Боба.
https://www.youtube.com/watch?v=esAs_HgnWXw&feature=youtu.be








