Жителите на градот Скопје ќе гласаат на четири гласачки ливчиња, две за општината во која живеат, и две за град Скопје, објави Државната изборна комисија.
Гласањето се врши лично, на 3.480 гласачки места во земјава. Гласањето се врши тајно, зад параван.
Избирачот гласањето за избор на градоначалник на општина и град Скопје го врши на тој начин што го заокружува редниот број пред името и презимето на кандидатот, а за членови на Совет на општина и град Скопје го заокружува редниот број пред подносителот на листата за која се определил.
Преклопеното гласачко ливче избирачот го става во соодветно обележаната кутија за гласање.
Гласањето за друго лице е забрането, освен за случаите предвидени во Изборниот законик.







