„Во текот на изминатите 24 часа, документирано е дека 98 лица не ја почитувале забраната за движење, од а од нив 67 се приведени“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата на 109 лица им се издадени решенија за изолација, а 140 лица потпишале изјави за самоизолација.
„Притоа, во рамки на редовните полициски контроли кај лица во изолација и самоизолација не се евидентирани лица кои не ги почитувале овие мерки“, соопшти МВР.







