Данил Медведев и Александар Зверев имаа расправија на четвртфиналниот натпревар во Монте Карло.
Медведев го доби тој дуел, а двајцата некогаш добри пријатели, меѓу другото, се скараа и затоа што Русинот предолго беше на пауза за тоалет.
По мечот Медведев изјави дека неколку играчи своевремено му рекле дека не е фер, но дека после таквата жалба од Саша Зверев се запрашал.
Вели и дека со Саша порано биле пријатели.
„Пред се, верувам дека најмалку 90 тенисери на овој турнир мислат дека сум добар пријател. Со можеби 50 од нив не сум најдобар пријател, но имам навистина одличен однос. Затоа обично се чувствувам многу лошо кога нешто ќе се случи на теренот и ќе ми кажат дека не го почитувам фер-плејот, бидејќи знам дека тоа не е вистина.“
Иако Медведев всушност не ја искористи официјалната пауза за одење во тоалет и иако се врати во закажаното време, Зверев сепак го нападна.
„Саша живее во свој свет. Петмина играчи веќе ми кажаа во соблекувалната: „Ајде Данил, зошто си толку нефер?“, низ насмевка рече Русинот.
„Веројатно е можно да се најдат 25 интервјуа во кои Зверев кажува некои чудни работи после поразот“ додаде Медведев.
„Кога Саша за некој ќе каже дека некој не е фер, тогаш ви доаѓа да му одговорите: „Добро, така е, само ти погледни се себе си во огледало“.
Сега следеше одговорот на Александар Зверев, и тоа пред АТП турнирот во Минхен.
„Никогаш не сум користел пауза за тоалет за да направам предност, ниту беспотребно долго сум бил на тајм-аут. Кога ќе добијам или кога ќе загубам меч, многу сум горд во секој случај. Мислам дека луѓето треба да формираат свое мислење. Ако сака да разговара со мене, добредојден е. Немам проблем со тоа.“