Светскиот рекордер во спринт на 100 и 200 метри, Усаин Болт се раздели со Централ Коуст маринерс. Австралискиот клуб објави дека Болт го одбил предложениот договор.
„Иако не успеавме да се разбереме да продолжиме со фудбалската авантура на Усаин Болт во Централ Коуст маринерс, за нас беше многу возбудливо да имаме олимписки шампион во спринт и светски рекордер во составот во минатите осум недели, изјавија од клубот.
Болт пак изрази благодарност до сопствениците, раководство, тренерскиот штаб, играчите и навивачите на тимот за дадената шанса и му посака успех на тимот.
Пред да пристигне во Маринерс, 32-годишниот поранешен спринтер изјави дека бил контактиран од неколку ниско-профилни европски тимови. Агентот на Болт претходно изјави дека спринтерот одбил понуда на малтешкиот шампион Валета за двогодишен договор







