Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ

октомври 29, 2026

СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”

октомври 29, 2026

ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан

октомври 29, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
  • СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
  • ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан
  • „Си-Ен-Ен“, „Ем-Ес НАУ“ и „Политико“ ја проширија тужбата поради ограничувањето на пристапот до Белата куќа
  • ГС на ОН повика на прекин на повеќедецениското американско економско ембарго кон Куба
  • ВИДЕО: „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026
  • Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час
  • Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Основното јавно обвинителствов
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заврши безбедносната конференција во Минхен
Македонија

Заврши безбедносната конференција во Минхен

февруари 18, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Заврши 54. Минхенска безбедносна конференција во рамки на која министерката за одбрана Радмила Шекеринска се сретна со министрите за одбрана на Канада, Харџит Саџан, на Бугарија, Красимир Каракачанов, на Литванија, Раимундас Кароблис, на Црна Гора, Предраг Бошковиќ, како и со заменичката генерален секретар на НАТО, Роуз Готемолер, со евро-комесарот Јоханес Хан и со претседавачот на конференцијата, Волфганг Ишингер, јавува МИА.

На средбите, соопшти Министерството за одбрана, Шекеринска ја потврдила посветеноста на Владата на Република Македонија на реализација на планот 3-6-9 и на реформите во клучните области како владеењето на правото, слободата на медиумите, независноста на институциите. Министерката ја реафирмирала стратегиската определба за членство на Македонија во НАТО-Алијансата и во Европската Унија, како и политиката на државата за добрососедски односи и пријателство.

Заменичката-генерален секретар на НАТО, Роуз Готемолер посочила дека Алијансата дава поддршка за реформските политики на Владата и се заблагодарила за учеството на припадниците на Армијата на Република Македонија во мировната мисија на Алијансата во Авганистан.

Евро-комесарот Хан ги поздравил реформските напори на Владата и изразил подготвеност ЕУ да ја продолжи поддршката на Република Македонија во реализација на зацртаните реформи.

Република Македонија од министрите за одбрана на Канада, на Бугарија, на Литванија и на Црна Гора добила целосна поддршка за членство во Алијансата, и понуда за размена на искуства во реализацијата на реформските процеси во земјата.

Министерката говорела и на панелот на Глобалниот форум на жените – политички лидери посветен на глобалната безбедносна агенда од перспектива на жените. Панелот ставил фокус на безбедносната политика и новите закани, и на тоа како жените политичарки можат да дадат нова перспектива во справувањето со заканите.

Говорнички на овој панел биле и бароницата Кетрин Ештон, поранешна потпретседателка на Европската комисија и поранешна висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Џенифер Морган, извршна директорка на Гринпис Интернационал, Патриција Флор, генерална директорка за Меѓународниот ред, Обединетите нации и контрола на вооружувањето во германската федерална канцеларија за надворешни работи и Џули Лин Теигланд, регионален менаџер на „Ернст и Јанг“ за Германија, Швајцарија и Австрија.

Министерката присуствувала и на вечерата во чест на американскиот сенатор Џон Мек Кејн кој ја добил наградата на Минхенската конференција, а главен говорник на настанот бил поранешниот потпретседател на САД Џо Бајден. Заедно со министрите за одбрана од регионот биле и на заедничкиот ручек организиран од министерката за одбрана на Германија Урсула фон дер Лајен при што била потврдена поддршката на нашата земја на патот кон НАТО.

Во фокусот на овогодишната конференција беше улогата на ЕУ како глобален актер и нејзините односи со НАТО, САД и Русија. На конференцијата учествуваа секретарот за одбрана на САД, Џејмс Матис, генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, британската премиерка Тереза Меј, претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, високата претставничка за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан  и други.

авганиостан актуелно Алијанса глобален ЕУ конференција Минхен САД форум
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ

октомври 29, 2026

СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”

октомври 29, 2026

ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан

октомври 29, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.