На рочиште отворено за јавноста денеска во Кривичниот суд се гледаше скратената снимка, објавена на Јутјуб, за предметот „Поткуп“, во кој обвинет е премиерот Зоран Заев.
Со ова заврши доказната постапка во случајот.
Следното рочиште е закажано на 15 мај кога ќе бидат дадени завршните зборови.
Премиерот Заев е обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Сачевалиев.







