Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЗАГРИЖУВАЧКИ ТВРДЕЊА: Креаторот на вештачката интелигенција даде отказ во Гугл
Технологија

ЗАГРИЖУВАЧКИ ТВРДЕЊА: Креаторот на вештачката интелигенција даде отказ во Гугл

мај 2, 2023Updated:мај 2, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Џефри Хинтон, инженер на Гугл, кој се смета за творец на вештачката интелигенција, пред неколку дена ја напушти работата во Гугл, објави „Њујорк Тајмс“. Причината за оставката е вознемирувачка: Хинтон тврди дека сака слободно да зборува за опасностите од продолжувањето на развојот на вештачката интелигенција.

Во 2012 година, д-р Хинтон и двајца негови дипломирани студенти на Универзитетот во Торонто создадоа технологија која стана интелектуална основа за системи за вештачка интелигенција за кои најголемите компании во технолошката индустрија веруваат дека се клучот за нивната иднина.

За „Њујорк Тајмс“ тој вели дека делумно жали за неговиот придонес во развојот на вештачката интелигенција.

Имено, Хинтон пред 10 години беше ангажиран од Гугл за да им помогне да развијат вештачка интелигенција, а неговото истражување доведе до создавање системи како „ЧетГПТ“ (ChatGPT).

„Имам 75 години, време е да се пензионирам“, истакна тој во интервјуто.

Верувал, вели, оти Гугл е „примерен управител“ на технологијата, но тоа се променило кога Мајкрософт почнал да вградува „чет-бот“ во својот пребарувач „Бинг“ (Bing) и компанијата почнала да се грижи за ризиците од пребарувањето на Интернет.

Тој за Би-Би-Си изјави дека некои од опасностите од „чет-бот“ се „прилично страшни“, предупредувајќи дека можат да станат поинтелигентни од луѓето и дека можат да бидат искористени од „лоши актери“.

„Сега зборувам за најлошото можно сценарио.

Можете да замислите, на пример, некој лош актер како (Владимир) Путин кој решил да им даде моќ на роботите заради создавање сопствени подцели“, рече тој, предупредувајќи дека тоа на крајот може да доведе до создавање на подцели како таа „морам да добијам повеќе моќ“.

„Дојдов до заклучок дека видот на интелигенција што ја развиваме многу се разликува од интелигенцијата што ја имаме.

Значи, тоа е како да имате 10.000 луѓе и секогаш кога еден човек ќе научи нешто, сите го знаат тоа. Така, овие ‘чат-ботови’ можат да знаат многу повеќе од која било личност“, рече тој.

Она за што се грижи Хинтон веќе навлезе во нашиот секојдневен живот: на луѓето веќе сега им стана тешко да разликуваат видеозаписи, текстови и фотографии генерирани со вештачка интелигенција од оние создадени од човек.

Хинтон е, исто така, загрижен дека вештачката интелигенција ќе ги замени работните места како правници асистенти, лични асистенти и други „досадни“ работи, а потенцијално и повеќе во иднина.

Главниот научник на Гугл, Џеф Дин, вели дека Гугл го цени придонесот на Хинтон за компанијата во изминатата деценија.

„Искрено уживав во нашите многубројни разговори во текот на сите овие години.Ќе ми недостига, му посакувам секое добро.Како една од првите компании што ги објави принципите на вештачката интелигенција, остануваме посветени на одговорен пристап кон развојот на вештачката интелигенција.Континуирано се трудиме да ги разбереме новите ризици додека во исто време смело развиваме иновации“,рече Дин.

Во март, Илон Маск и голем број експерти повикаа на пауза во развојот на системи за вештачка интелигенција за да се остави време во кое би се провериле и би се увериле дека се безбедни.

Отвореното писмо, потпишано од повеќе од 1.000 луѓе, вклучувајќи ги Маск и ко-основачот на „Епл“, Стив Возниак, го поттикна издавањето на „ГПТ-4“ (GPT-4), многу помоќна верзија на технологијата што ја користи „ЧетГПТ“ (ChatGPT).

Хинтон во тоа време не го потпиша писмото, но за „Њујорк Тајмс“ рече дека научниците не треба „да продолжат со развојот на вештачката интелигенција додека не сфатат дали можат тоа да го контролираат“.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

актуелно вештачка интелигенција гугл Илон Маск
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.