Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Алтернатива за ЕУ нема и не треба да има
Македонија

Заев: Алтернатива за ЕУ нема и не треба да има

јули 30, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Нема алтернатива за членство во Европската Унија, но ЕУ за жал ја држи Република Северна Македонија речиси 17 години како земја кандидат, без притоа да го овозможи заслужениот следен чекор за нашиот пат кон интеграциите. Во такви околности, тоа го
признаваат и 26 земји членки, што јавно и гласно зборуваат за заслуженоста на нашата земја да ја добие првата меѓувладина конференција, истакна премиерот Зоран Заев во одговор на пратенички прашања во Собранието.

Заев посочи дека во официјалниот извештај од ЕУ, сто проценти се потврдени процесите што биле обврска на Северна Македонија за добивање датум за почеток на преговорите.

„Одлуката е донесена, но првата меѓувладина конференција не е закажана, затоа што само една членка на ЕУ не дава согласност за започнување на преговорите, додава тој.

Премиерот истакна дека државата никогаш повеќе не била афирмирана на патот кон ЕУ, колку што е во последните години.

„Нашата земја е пример за соживот и контрааргумент на сите негативни тези за етнички територии и граници и на Балканот, а и пошироко на европскиот континет.

Нашата змеја е пример дека низ дијалог и дипломатија можат да се решаваат најтешките прашања што можеле да бидат решени многу поодамна ако навистина сите сме се залагале за членство во ЕУ и НАТО. Оваа Влада што јас ја предводам тоа признание го има од целиот демократски свет и тоа мора и треба да го признаете бидејќи е видливо, истакна Заев.

Во однос на тоа дали „Отворен Балкан“ е алтернатива за ЕУ, Заев истакна дека алтернатива за членство кон ЕУ нема и не треба да има.

„Додека чекаме ЕУ да се одлучи, нема дилема дека работиме и градиме пријателство, да ги отвораме сите административни пречки и бариери, се со конечна цел да донесеме поголема благосостојба на нашиот народ, на нашата економија, трговија, извоз бидејќи тоа носи поголем бруто домашен продукт, економски стандардни, работни места и слично, објасни премиерот.

Тој додаде дека со иницијативата за „Отворен Балкан“ во случај на природни катастрофи на располагање ќе има три пати повеќе капацитети за реакција кога треба да им се помогне на граѓаните, односно сега на располагање ги имаме српските и албанските сили.

„Потпишавме договор за признавање на работни дозволи за да можеме слободно да работиме каде што ќе одлучиме, потпишавме договори за целосно ослободување на протокот на стоки и патници на нашите гранични премини, вели Заев.

За крај тој порача дека пред четири години Северна Македонија била во кавга со Албанија, Бугарија, Грција, Косово и Србија, што донесе разочараност, а сега како што посочи премиерот постои соработка во регионот, а лидерите седат заедно и зборуваат во ист дух за придобивките на народот.

актуелно алтернативи ЕУ Заев
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.