Премиерот Зоран Заев на својот фб профил пишува дека со директните даноци има остварување од 99,5% од планираното и тука бележиме раст од 2,3%, споредено со 2019 година.
Имаме значително подобрување на приходната страна на Буџетот во декември, каде наплатата даноците и придонесите изнесува 18 милијарди денари, што е за 4,3 % повеќе во однос на декември минатата година.
Сето ова е убав податок за завршеток на една ваква тешка година каква што беше 2020-та, како основ за да ја почнеме надежната, нова 2021 година како година на рестарт и економско заздравување.









