Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Влегуваме во критична фаза од борбата со коронавирусот, заедно ќе победиме
Македонија

Заев: Влегуваме во критична фаза од борбата со коронавирусот, заедно ќе победиме

април 7, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Скопје, 7 април 2020

Веќе неколку недели, вие, јас, целата наша татковина, функционираме на поинаков начин, во секојдневна борба против коронавирусот.

Заедно се бориме против невидлив непријател кој предизвика глобална пандемија и го загрозува здравјето на нашите граѓани, но и на граѓаните
ширум светот.

Бројот на заболени, но за жал и на починати граѓани во целиот свет, зборуваат за сериозноста на оваа глобална пандемија и последиците од неа.

Нашата држава реагираше навремено, презеде соодветни мерки за заштита на здравјето на граѓаните, како и за санирање на економските
последици.

Првичната реакција беше многу важна за ублажување на ударот и здравствениот систем подготвено да одговори на предизвикот кој следува.

Постепено нашата држава влегува во критична фаза која од стручните лица е оценета како најтежок и најсериозен период од пандемијата.

Пред нас е најголемиот предизвик во борбата со коронавирусот во кој се очекува достигнување на пикот на бројот на заразени.

Затоа, потребна е многу голема лична одговорност, на секој од нас и максимална посветеност во заштита на нашето здравје, на здравјето на нашите најблиски, на нашите деца, родители, роднини, пријатели.

Донесени се нови, по заострени мерки од страна на Владата и исклучително е важно нивно целосно почитување.

Само така секој човек, секој поединец, секој од нас ќе придонесе во заедничката борба.

Да сториме се, преку целосно почитување на мерките и препораките, да го спречиме ширењето на вирусот.

Ајде да си помогнеме себеси, да им помогнеме на нашите најблиски, да им помогнеме на здравствените работници, на институциите на системот.

Седете дома, мијте раце, држете растојание, почитувајте ги мерките и препораките секогаш и секаде.

За животот се работи.

Знам дека постои загриженост кај граѓаните, за здравјето но и за економијата, за своите работни места, за месечните приходи, за парче леб.

Почитувани граѓани, ние заедно создадовме државата која е тука за вас, за граѓаните, имате пријател, поддржувач, државата е тука и таа ќе ви
помогне.

Веќе се објавени пакети со сериозни економски мерки, државата спасува над 250 илјади работни места, им помагаме на работниците, на граѓаните, да им обезбедиме приход да ја пребродат кризата.

Државата дава 14.500 денари плата за секој работник во фирмите коишто се погодени со кризата, затоа што секој работник е важен.

Во овие тешки времиња обезбедивме првична поддршка од 200 милиони евра, им помагаме на 35 илјади фирми да ги ублажат последиците од економската криза.

За граѓаните обезбедуваме сериозни финансиски олеснувања, се одложува наплатата на кредити, се стопираат извршителите.

Нема да дозволиме некој да остане без приход, помагаме за сите подеднакво, во духот на солидарноста.

Во оваа борба со коронавирусот можеме да победиме, со заеднички сили, со заеднички придонес на секој од нас.

Знаеме дека нема да биде лесно, но заедно сме во ова и заедно ќе победиме.

Да сте ми здрави и живи, чувајте се и седете дома.

Обраќање на претседателот на СДСМ, Зоран Заев

актуелно Заев коронавирус
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.