Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

АНБ и МВР спречиле терористичка мрежа со шест македонски државјани, подготвувале атентат во Грција

ноември 17, 2026

На актерката Лидија Вукиќевиќ и истурија јогурт пред српското собрание (видео)

ноември 17, 2026

Судир на два патнички воза во Прага: 34 лица се повредени

ноември 17, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • АНБ и МВР спречиле терористичка мрежа со шест македонски државјани, подготвувале атентат во Грција
  • На актерката Лидија Вукиќевиќ и истурија јогурт пред српското собрание (видео)
  • Судир на два патнички воза во Прага: 34 лица се повредени
  • Левица: „Кој го штител насилникот од “угледна“ фамилија додека Сара се борела за живот, кој се обидел да ја закопа вистината заедно со жртвата“
  • Судот во Охрид му одреди 30 дена притвор на Корабоски, обвинет за претепување на својата девојка во Охрид
  • Цените на горивата се намалуваат: Бензините поевтинуваат за 2 денари, а дизелот за 2,5 денари
  • Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја шансата за милионска добивка
  • ВМРО-ДПМНЕ го осудува насилството врз млада девојка во Охрид: Никој не е над законот и сите институции мора да постапат во согласност со законите
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев, Вучиќ и Рама усвоија Декларација за слободен проток на стоки, услуги и луѓе
Политика

Заев, Вучиќ и Рама усвоија Декларација за слободен проток на стоки, услуги и луѓе

октомври 10, 2019Updated:октомври 10, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Северна Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама денеска во Нови Сад усвоија заедничка Декларација, која се базира на имплементација на четири основни клучни слободи на ЕУ на Западен Балкан – за слобода на проток на стоки, капитал, услуги и луѓе.

Со неа, како што јави дописникот на МИА, со поддршка на ЕУ, почнува процес на кој се повикани да се вклучат и останатите држави на Западен Балкан.

„Северна Македонија е отворена за секоја иницијатива што ја промовира регионалната соработка, за забрзување на процесот на евроинтеграции на сите земји од Западен Балкан, како што е и Берлинскиот процес“, изјави Заев по трилатерална средба во Нови Сад, додавајќи дека ова е важно и за интеграцијата на земјава во ЕУ.

Според него, на овој начин Балканот дефинитивно ќе биде повеќе почитуван од сите други региони во светот, биде покомпетитивен и ќе биде попривлечен за неговите граѓани „да останат, да работат и да го планираат својот живот тука“.

Заев нагласи дека со таквиот пристап Балканот ќе стане попривлечен и за странските инвестиции, кои ќе можат преку широк ресурс да ги прават своите планови врз основа на регионалната понуда што може да им ја испорача регионот.

„Пред нас се можностите да ги искористиме нашите заеднички потенцијали за зголемување на соработката и ќе добиеме повеќе почит и поддршка од ЕУ, ако самостојно покажеме, како што покажавме денеска, дека имаме и внатрешен капацитет да ги исполниме оние очекувања, кои не се искористени како потенцијали“, изјави премиерот Заев на заедничката прес-коференција на тројцата лидери.

Тој во име на тројцата учесници на средбата ги повика сите земји од регионот да се приклучат на оваа иницијатива, бидејќи, како што рече, Западен Балкан „дефинитивно е аспирација на сите во делот на унапредување на соработката“.

„Оваа иницијатива испраќа и сериозни политички пораки дека се релаксираат односите во регионот. Балканот не е повеќе како во 19-от век, буре барут, туку Балкан на 21-от век како регион на мир и стабилност, економски развој, ориентиран за интеграциите во ЕУ и квалитетот на живеење на нашите граѓани“, истакна Заев.

Премиерот најави дека следниот состанок во овој формат ќе се одржи во Охрид на 10 ноември, каде очекува да бидат соопштени и првите успеси од ваквата иницијатива, да бидат потпишани одредени договори и да продолжио иницијативата за слободен проток на луѓе, капитал и стоки.

„Во 2020 Република Северна Македонија прв пат како земја нечленка на ЕУ, заедно со Република Бугарија ќе копретседава со Берлинскиот процес, што е добра моност за нов силен импулс на зајакнувањето на регионалната соработка и реализација на оваа денешна иницијатива“, потенцира Заев.

На прашањето за економскиот бенефит за граѓаните во регионот од оваа иницијатива, премиерот Заев изјави дека „конечна цел е повисок стандард на граѓаните, повеќе пари кај граѓаните, поголема финансиска моќ и постабилно стопанство, нови работни места и слично“.

„На микроплан тоа значи право на младите да студираат полесно каде било во регионот, да се вработуваат полесно каде било во регионот, компаниите недостатокот на стручен кадар можат да го надополнат во целиот регион, поголеми странски инвестиции…. Стануваме пазар на 20 милиони луѓе и со оваа иницијатива ќе испатиме порака на взаемна доверба во институциите и ќе значи раст на БДП, нови работни места и други придобивки на нашите граѓани“, истакна Заев.

Српскиот претседател Вучиќ од своја страна го поздрави усвојувањето на Декларацијата и изрази надеж дека со неа може да се скрати времето од  26 милиони часа што се губи на граничните премини, да се отстранат бариерите за побрз премин, да се олесни протокот на услугите, стоките и луѓето и да се овозможат поголеми плати и пензии.

„Сакам во име на Република Србија да изразам очекување и надеж дека ЕУ ќе ги отвори преговорите со Северна Македонија и Албанија. Тоа се нашите молба, желба и очекувања, бидејќи ја заслужија и сакам на луѓето во Северна Македонија и во Албанија да им кажам дека и доколку тоа не се случи сега, тоа не е нивна вина, бидејќи ЕУ има некои свои внатрешни причини и ова сега што го направивме е од есенцијално значење за економскиот и секој друг напредок“, потенцира Вучиќ.

Албанскиот премиер Рама, пак, изрази надеж дека оваа иницијатива е процес на кој ќе се приклучат и останатите земји во регионот на Западен Балкан.

„Со поддршка на нашите европски партнери, преку овој процес мораме да направиме повеќе заради нашите граѓани. Постојат отворени прашања во регионот, но тоа не треба да не спречува да се договориме за она што е важно за сите граѓани во регионот… Од суштинско значење е целта која не собра во овој формат, да одиме напред, на еден поинтензивен начин, со подобра координација процесите кои ги ставивме на хартија, да ги одработиме сами“, нагласи Рама.

 

 

ИЗВОР: МИА

актуелно Вучиќ декларација Заев рама
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

АНБ и МВР спречиле терористичка мрежа со шест македонски државјани, подготвувале атентат во Грција

ноември 17, 2026

На актерката Лидија Вукиќевиќ и истурија јогурт пред српското собрание (видео)

ноември 17, 2026

Судир на два патнички воза во Прага: 34 лица се повредени

ноември 17, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.