Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го прифати предлогот на мандатарот Зоран Заев за состав на новата влада.
Новата Влада на Македонија ќе има 15 министерски ресорни места.
„Зелено светло“ за министри со и без ресор од СДСМ добија: Оливер Спасовски за внатрешни работи, Радмила Шекеринска за одбрана, Никола Димитров за надворешни работи, Драган Тевдовски за финансии, Рената Десковска за образование, Горан Сугаревски за транспорт и врски, Љупчо Николовски – земјоделство, Мила Царовска – труд и социјална политика, Дамјан Манчевски – информатичко општество и администрација, Роберт Алаѓозовски – култура и Едмонд Адеми, Кочо Анѓушев, Роберт Попоски, Зорица Апостоловска, Зоран Шапуриќ и Самка Ибраимовски без ресор.
За вицепремиер задолжен за спроведување на Охридскиот рамковен договор е предложен Хазби Лика, за евроинтеграции – Бујар Османи, Булен Салиу ќе раководи со министерството за правда, Садула Дураку со министерството за животна средина, а Крешник Бектеши со економија. Рамиз Мерко во новата реформаска влада е предложен за министер без ресор.
Кандидатурите најдоцна утре изутрина ќе бидат доставени до Собранието на Република Македонија.







