Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев-Данчила: Романија ја почна ратификацијата на Протоколот за НАТО, силна поддршка за ЕУ
Во Фокусот

Заев-Данчила: Романија ја почна ратификацијата на Протоколот за НАТО, силна поддршка за ЕУ

февруари 28, 2019Updated:февруари 28, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во Романија се почнати процедурите за ратификација на Протоколот за пристап на Република Северна Македонија во НАТО што е изгласано во Домот на пратениците.

Се очекува брзо заокружување на тој процес и дека Северна Македонија во најбрзо време ќе биде 30. членка на НАТО. Ова го изјави романската премиерка Виорика Данчила по средбата со премиерот Зоран Заев, кој престојува во официјална посета на Романија.

Романската премиерка ја реафирмираше позицијата за продолжување на проширувањето на ЕУ, врз индивидуални заслуги за земјите од Западен Балкан.

Таа изјави дека очекува дека во јуни ќе бидат потврдени политиките на проширување на ЕУ и охрабри нашата земја да продолжи со исполнување на реформските аргументи.

Како што соопшти владината прес-служба, Данчила јавно честиташе на премиерот Заев за неговиот придонес низ храброста и енергијата во големите процеси за нашата држава, што смета дека е инспирација за целиот регион.

Во изјавите за медиумите, премиерот Заев рече дека носи искрени поздрави од граѓаните на нашата држава и од Владата на Република Северна Македонија.

Тој се заблагодари за вчерашната ратификација на Протоколот за пристап на Република Северна Македонија во НАТО во Домот на пратениците на романскиот Парламент и за поддршката во процесот на НАТО интеграциите на нашата држава.

„Посебно ми е драго што сме во официјална посета на Букурешт и што посетата се поклопува со една важна фаза во ратификацијата на Протоколот за влез на Северна Македонија во НАТО од страна на пријателска Република Романија. Пред 11 години, токму овде во Букурешт, беше пропуштена историската можност за влез на нашата држава во Алијансата. Денес на темелите на минатото изградивме иднина. Северна Македонија е на атлантскиот пат. Пријатели, благодариме“, порача Заев.

Освен за НАТО интеграциите, премиерот Заев се заблагодари и за поддршката во европскиот пат на Република Северна Македонија.

„Благодариме и што Република Романија, за време на претседавањето со Советот на Европската унија го одржува фокусот на проширувањето и ги мотивира заложбите на сите земји членки на Европската унија, да ја поддржат Република Северна Македонија во европските аспирации. Без заддршка ќе ги пренесам очекувањата на Владата и на граѓаните на нашата држава, по отворените НАТО перспективи, во јуни да ја потврдиме одлуката за почеток на преговорите со ЕУ“, рече премиерот Заев.

Тој додаде дека ЕУ и НАТО, за Република Северна Македонија, како и за регионот, но и за Европа се потреба и оти значат стабилност, значат безбедност, значат економија, значат прогрес.

„На земјите од Западен Балкан, но и на Европа во која географски припаѓаме, а и на светот, на кој му е сето ова и потребно и неопходно, за да може да се развива“, оцени Заев.

Појасни дека Република Северна Македонија е во процес на суштински реформи, дека има свест дека е важна имплементацијата на донесените закони и потребата да испорачаме резултати во клучните реформски области, водејќи се од европските принципи и вредности.

Дека направивме пресврт во политичката клима во државата, а ја поставивме
Република Северна Македонија на јасен демократски пат, како едно општество за сите во државата.

„Презедовме храбри и внимателни политички чекори со кои ги постигнавме договорите, прво со нашиот сосед, Република Бугарија, а потоа и со нашиот сосед Република Грција. Договорот од Преспа што го реализиравме, денес е пример дека се можни решенија на најчувствителните билатерални политички прашања“, нагласи премиерот Заев.

Тој додаде дека е значајно што со премиерката Данчила е постигната согласност за унапредување на економската соработка и можноста за одржување бизнис форум.

„Интересот на инвеститорите за вложувања во нашата земја расте. А како две пријателски земји, кои немаат отворени политички прашања, имаме можност да се посветиме на економијата, она што е во директен интерес за граѓаните на нашите држави. Тоа ќе го направиме и со Договорот меѓу двете влади за соработка во образованието, науката, културата, медиумите, младите и спортот што е во завршна фаза за ратификација во нашето Собрание“, наведе премиерот Заев.

Таа упати честитки за отворените НАТО интеграции и за крупните политички чекори направени за брзо време и рече дека Романија сака да ја види Република Северна Македонија како еднаква членка на Алијансата.

актуелно Виорика Данчила Зоран Заев официјална посета ратификација на договор романија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.