Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Десетина имиња се разгледуваат како можни претседателски кандидати
Македонија

Заев: Десетина имиња се разгледуваат како можни претседателски кандидати

јануари 22, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Десетина имиња се разгледуваат во редовите на СДСМ како можни кандидати за иден претседател, меѓу нив има Македонци, Албанци, Турци, Срби, се со цел да се пронајде личност која ќе биде најприфатливо и максимално консензуално решение, колку што е можно тоа да се направи за да се опфатат сите, истакна премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата, на која беа презентирани плановите за изградба на патната инфрастуктура за 2019 и сработеното во 2018.

Во врска со тоа дали во СДСМ ќе оди сама на претседателските избори и дали се прават внатрепартиски анкети и анализи за избор меѓу министрите Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Оливер Спасовски и националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски, како што претходно денеска објавија дел од медиумите, Заев истакна дека се разгледуваат повеќе од десетина имиња, се оценува како размислуваат граѓаните, како тие би им парирале на кандидатите на противничката страна, се вршат и консултации со граѓанскиот сектор.

„Во секој случај ќе се обидам да разговарам со одредени позициони партии. Но најпрво ќе разговарам во мојата партија, па во коалицијата, потоа да го прошириме опфатот на сите, нагласи премиерот.

Истакна дека консезуалниот кандидат не треба да се гледа меѓу него и Али Ахмети и додаде дека тоа треба да биде кандидат на граѓаните, а такви луѓе во Македонија има. Додаде дека тоа треба да биде претседател на сите граѓани и да ги нема слабостите на актуелниот шеф на државата Ѓорге Иванов во однос на мултиетничкиот карактер на опшетството, европските и евроатлантските интеграции.

Заев истакна дека целта е да се избере кандидат во кој граѓаните ќе видат надеж за земјата и повтори дека тој не планира да учествува на претседателските избори.

Дебата за можноста за одржување претседателски заедно со предвремени парламентарни избори е отворена, в петок најверојатно ќе се одржи седница на Централниот одбор на СДСМ, кога може да биде донесена одлука, а постои можност таа да биде донесена и по неколку дена, рече денеска премиерот.

Тој нагласи дека е сигурно дека ќе почнат постапките за номинирање на кандидати за претседател на државата и кандидати за градоначалници на Ново Село, Охрид и Дебар, каде заедно со претседаталските ќе се одржат и избори на градоначалници.

„Ова што го најавуваме никако не може да биде запрено, без разлика дали ќе се оди заедно на претседателски со парламентарни избори или само на претседателски, затоа што тоа е составен дел од програмите и Буџетот на РМ. Законот е јасен, не можете да предвидувате и реализирате дополнителни активности доколку се распишани избори, но се што е предвидено во Буџетот, со донесените програми, не претстанува да се реализира и тоа е законот во РМ и тоа Изборниот законик го регулира, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како евентуалните избори би се одразиле на проектите што ги најавуваат и воопшто на бизнис секторот.

Нагласи дека демократска Македонија изминатите години се соочила со повеќе ситуации на застој поради предвремени избори поради процедурите од нивното одржување до изборот на Владата и нагласи дека ако гледа од партиски аспект избори се поволна алтернатива и за СДСМ и за коалицијата, како можност да ги зацврстат позициите.

„Дебатата е отворена и во коалицијата и во политичкиот субјект што го водам. На крајот на вам и на граѓаните можат да ви ветам чесна и одговорна одлука, порача Заев.

актуелно Заев имиња македонија Претседател
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.