Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: За идната соработка во владината коалиција ќе се разговара од следните денови
Македонија

Заев: За идната соработка во владината коалиција ќе се разговара од следните денови

ноември 1, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Премиерот Зоран Заев досега не разговарал со политичките партии за евентуално влегување или излегување од Владата, како и за пополнување на испразнетите министерски, заменички и директорски места по локалните избори. Очекува тоа да се случи во наредните денови откако, како што вели, ќе слегне прашината, односно сите ќе бидат со ладни глави.

„Очекувам овие денови прашината да легне. Сега имаме малку подзапалени политички глави во нашата држава. Се надевам во мирна атмосфера, некаде викендов, да ги отвориме процесите како понатаму заради тоа што имаме неколку испразнети места во Владата – министер, заменик-министер, неколку директори, изјави Заев на маргините од денешниот Самит Македонија 2025.

На прашањето дали ќе продолжи коалицијата со Алијансата за Албанците предводена од Села, Заев рече дека тоа не зависи само од него, туку и од Села, но и од другите коалициски партнери. Тој, исто така,изјави дека досега со Мендух Тачи нема разговарано за евентуално влегување на ДПА во владината колаиција

Запрашан дали доколку Села се повлече од коалицијата ќе имаат мнозинство и дали ќе разговара со пратеникот Чедомир Саздовски за влегување во владејачката коалиција, премиерот Заев рече дека досега немало такви разговари со Саздовски.

„Ние со Саздовски немаме разговарано за мнозинство, но јас посакувам да разговарам со многу пратеници и верувам ќе имам можност да разговарам. Не би сакал да ги форсирам процесите неприродно, туку сакам тие да се случуваат по природен пат. Но, знам дека имаме мнозинство и без Села. Но, знаете дека секојпат сум поборник тоа мнозинство да виде колку што е можно посилно.

„Македонија е исправена пред сериозни одлуки, треба да ги завратиме ракавите и да работиме, а со поголемо и посилно мнозинство тоа е секако повозможно и би било поуспешно, изјави Заев.

Посочи дека ги следи сите комбинаторики во јавноста во врска со прашањата за влез и излез од Владата кои доаѓаат и од владините коалициски партнери, но, рече, засега никој не разговарал со него. Нагласи дека не е разговарано ниту за можни кандидати за министри и заменици-министри во Владата и оти остануваат на претходно востановениот критериум, а тоа е да бидат квалитетни имиња на кои јавноста им верува, кои покажале сериозен капацитет за да може да бидат идни кандидати за разгледување за испразнетите места.

На обвинувањата на Села дека тој повеќе ги штити ДУИ отколку што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Заев рече дека СДСМ се поставила принципиелно објавувајќи коалиции.

„Ние принципиелно се поставивме објавувајќи коалиции и реално застанавме зад личности и кандидати за кои верувавме и тоа го направивме како што доликува на коалициски партнери. Кога ја соопштивме коалицијата уште за парламентарните избори, најавивме дека тоа ќе биде коалиција за долг рок. Јас не можам да бидам единствениот фактор што ќе гарантира коалицијата на централно ниво да опстојува со сите, но знам дека ќе сторам се таа коалиција не само со ДУИ и со другите коалициски партнери да биде стабилна и да се гради во еден долг период. Но, на овие избори тоа беше буквално невозможно.

„Знаете кој го направи чекорот со БЕСА, со ВМРО-ДПМНЕ и сл. И за мене тоа е логично оти локалната власт е различна од централната власт, дури и не се лутам на непријатните изјави и споредби со некои претходни политичари. Затоа нека падне прашината, нека ги оладат сите главите, викендот е пред нас и ќе можеме да разговараме, изјави премиерот Зоран Заев.

 

ИЗВОР:МИА

актуелно вмро-дпмне ДПА зорасн заев македонија Мендух Тачи самит македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.