Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: За македонскиот идентитет и јазик не се преговара, очекувам напредок по завршувањето на изборите во Бугарија
Македонија

Заев: За македонскиот идентитет и јазик не се преговара, очекувам напредок по завршувањето на изборите во Бугарија

декември 28, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Македонскиот идентитет на македонскиот народ и македонскиот јазик апсолутно се величина како што се бугарскиот, германскиот, францускиот, италијанскиот, чешкиот, полскиот… Тоа е европска вредност и за такви вредности, ниту се разговара, ниту се преговара“, порача од Тетово премиерот Зоран Заев и најави дека очекува напредок во разговорите со Бугарија по mзавршувањето на изборите кај источниот сосед.

Тој во одговор на прашање, по отворањето на новата канцеларија на Државниот пазарен инспекторат во Тетово, посочи дека во моментов нема разговори со Софија, бидејќи се празници и најави дека по празниците ќе продолжат со изработка на акцискиот план.

„После празниците ќе одржиме координација со МНР, заедно со специјалниот претставник за Бугарија, професорот Бучковски, да продолжиме во делот на утврдувањето на акцискиот палан, а тоа е планот што го изработивме на наш предлог под раководство на министерот Бујар Османи за покривање на сите области од спортот, до инфраструктурата, образованието, културата, музиката, здравството, науката… Очекуваме повратен одговор од Бугарија, откако ќе завршат празниците заради тоа што очекуваме да го надополнат со нивни идеи“, рече Заев.

Иако во Бугарија се пред избори, додаде премиерот, мислиме дека за добробит на двете страни, на политиката, на граѓаните и на државите би било секое понапредно реализирање на акцискиот план.

„Ќе продолжат и политичките контакти под раководство на двајцата министри за надворешни работи и реално очекувам напредок по завршувањето на изборите во Бугарија заради тоа што е нерационално да се очекува да се донесе некое решение пред изборите“, посочи Заев.

Тој нагласи дека Владата ќе продолжи со пријателство и објаснување на, како што рече, сето она што претставува резерва или незадоволство од бугарската страна, кое често го викаат незадоволство од динамиката на реализација на Договорот за пријателство.

Зедничка е, посочи Заев, обврската на двете страни да обезбедиме инфраструктура која ќе овозможи повисок економски раст и развој.

„Се она што претставува кај нив незадоволство, ние ќе го објасниме. Сакавме побрзо да ја направиме железничката пруга на Коридорот 8, зашто е во интерес на целиот македонски народ и сите народи кои живеат во државата, но за жал динамиката не е онаква како што сакаме. Не може да се реализира за година до две. Земавме кредити имаме и грантови од ЕУ и ќе се потрудиме побрзо да ја реализираме. Но, се надевам дека и Бугарија ќе почне нешто да гради како преминот Клепало или железничката линија која треба да се изгради по бугарската граница“, појасни Заев.

Се залагам, додаде тој, да има заеднички средношколски лиги на фудбал, ракомет, кошарка, за да ги зближиме младите и да градиме пријателство.

актуелно бугарија Заев избори јазик македонски идентитет
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.