Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев за хрватски „Национал“: Македонците избраа концепт што ќе води напред во Европа, отфрлија автократија и нови неправди
Македонија

Заев за хрватски „Национал“: Македонците избраа концепт што ќе води напред во Европа, отфрлија автократија и нови неправди

јули 23, 2020Updated:јули 23, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Лидерот на СДСМ Зоран Заев во интервју за хрватскиот неделник „Национал“ оцени дека на предвремените парламентарни избори во Северна Македонија победи демократскиот и европски концепт на СДСМ. Тој за хрватскиот неделник вели дека тоа е концепт кој води напред кон Европа, кон сигурна иднина, кон правда, кон уште поголема слобода на граѓаните, наспроти, како што вели, концептот на ВМРО-ДПМНЕ кој е автократски, режимски, за враќање назад во изолација, во опасност и неизвесност.

-Граѓаните тоа го препознаа и не дозволија државата да се враќа назад, туку на денот на изборите дадоа правец да продолжиме напред кон нови успеси. ВМРО-ДПМНЕ водеше исклучиво нечиста, црна, негативна кампања базирана на лаги, на конструкции, сеење страв меѓу народот и на теми на кои неколку пати беа поразени во минатото. Тие не објаснуваа што ќе направат за да ги зголемат платите, туку го плашеа народот со лаги дека ќе се федерализирала земјата, нешто за што народот добро знае дека ниту се случи, ниту се случува, ниту ќе се случи. Во нивната кампања видовме фрустрација, а не понуда, рече Заев, додавајќи дека фејк-њуз политиките на ВМРО-ДПМНЕ доживеаја уште еден пораз.

Според него, СДСМ и на овие избори водела доминантно позитивна кампања за промоција на досега сработеното, но пред се презентација на решенијата од новата програма преку кои државата продолжува напред.

Заев посочува дека граѓаните сакаат конкретни решенија, мерки и политики кои ги следат нивните потреби, сакаат планови за справување со Ковид, за повисоки плати, за ред и стандарди во државата и затоа, како што вели, на ВМРО-ДПМНЕ треба да му стане јасно дека довербата од граѓаните се добива само со конкретни мерки и проекти.

Во однос на идните коалицирања, претседателот Заев во интервјуто за „Национал“ оценува дека СДСМ има убедливо најголем коалициски потенцијал.

-Мандатот за формирање нова Влада е кај СДСМ и коалицијата „Можеме“. Веднаш по празникот Илинден кој е на 2 август, влегуваме во процес на преговори за идно коалицирање и формирање состав на Влада. Со политиките кои ги водиме и со чесниот и одговорен однос, СДСМ има убедливо најголем капацитет за коалицирање. ВМРО-ДПМНЕ е поразена партија која демонстрира политики кои се спротивни од севкупниот демократски амбиент и од демократскиот правец кон кој неповратно се движи државата, рече Заев.

Истакнува дека СДСМ е голема, широкограда и отворена партија и ќе разговараат за коалицирање со сите партии кои се подготвени да го прифатат европскиот, демократскиот, слободарскиот, напредниот, концептот и патот што Северна Македонија го оди како земја членка на НАТО.

-Структурите кои заговараат идеи различни од демократскиот и европскиот концепт, не може да бидат дел од идната владејачка коалиција водена од СДСМ, бидејќи таквите конфликтни и ретроградни опции или се поразени или се маргинални, вели Заев за хрватскиот неделник „Национал“.

Лидерот на СДСМ во интервјуто оценува дека заслугите на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и на Хрватска за нашиот напредок во ЕУ се навистина големи и со хрватската поддршка, Северна Македонија многу побрзо ќе го мине преговарачкиот процес.

Во однос на помошта што зеемјава ја добива од Европската Унија, Заев нагласи дека веќе добивме 160 милиони евра првична помош од Унијата за справување со коронавирусот, а со отворањето на поглавјата ќе се отворат и нови инструменти за финансиска помош, тоа ќе бидат сериозни средства со кои ќе ги зајакнеме капацитетите во борбата против коронавирсуот, но и пари со кои ќе донесеме европски стандарди дома.

актуелно Европа Заев концепт национал
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.