Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев за „CorD“: Целта ни е европеизација на Северна Македонија со активирање на брза лента кон ЕУ и динамичен економски раст
Македонија

Заев за „CorD“: Целта ни е европеизација на Северна Македонија со активирање на брза лента кон ЕУ и динамичен економски раст

ноември 3, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email
Наша цел во овој мандат е да донесеме целосна трансформација и европеизација на Република Северна Македонија. Нашата намера е да ја активираме брзата лента на преговорите по поглавја со целосно и безусловно исполнување на ЕУ агендата, а оптимизмот за стабилен политички период доаѓа од остварувањето во претходниот мандат, во кој покажавме дека може да се обезбеди повисок економски раст, кој создава нови работни места, да обезбедиме повисоки плати, да се постигне историски најниска невработеност, а минималната плата да се зголеми за дури 60 проценти, од 9.000 денари на 14.500 денари за нецели три години, истакнува претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев во интервју за магазинот „CorD“, одговарајќи на прашањето, од каде го црпи неговиот оптимизам за најавата дека земјава ја очекува стабилен политички период.Заев нагласува дека заокружувањето на амбициозниот концепт за продолжување на започнатите позитивни и храбри политики за адаптирање на економијата во новото време е дополнителен мотив за членовите на Владата да работат двојно повеќе, не само за совладување на здравствената криза предизвикана од КОВИД-19, туку и за враќање на претходните стапки на раст. 

– Имаме план за иновативна, стабилна, конкурентна македонска економија, подготвена да одговори на новите предизвици и да понуди шанса за секој. Во таква економија, платите ќе продолжат да растат.  За време на кризата се обврзуваме да ја задржиме минималната плата на висина од 14.500 денари. По завршувањето на кризата, Владата ќе продолжи со своите докажани заложби: раст на минимална плата до крајот на мандатот во висина од 20 до 40 проценти и раст на просечната плата до крајот на мандатот од 20 до 30 проценти, во зависност од должината и влијанието на коронакризата врз светската и домашната економија, вели премиерот Заев, оценувајќи дека целта на Владата е до крајот на четиригодишниот  мандат да се постигне солиден и одржлив раст од 4 отсто.

Во интервјуто „CorD“ се осврнува и на очекувањата за отворање на преговорите за пристапување во Европската Унија и подготвеноста на државата за тоа.

– Нашата намера е да ја активираме брзата лента на преговорите по поглавја со целосно и безусловно исполнување на ЕУ агендата. Што се однесува до нашата страна, нема да дозволиме причини за нови одлагања. За нас е прифатлив новиот принцип за реверзибилност на процесот доколку се случи деградација на демократскиот амбиент во нашата земја, но, нагласувам, наша свечена обврска е да не го дозволиме тоа во име на иднината на државата и граѓаните, истакнува Заев
Тој се надева дека дискусијата за преговарачката рамка во Брисел ќе има успешна завршница на Советот за општи прашања, односно на ГАК, на 10 ноември, по што ќе биде реално да очекуваме одржување на првата Меѓувладина конференција во декември.Тој, во интервјуто за „CorD“, магазин кој се печати во Белград на англиски јазик и го читаат претставници на дипломатскиот кор во земјите во регионот и пошироко, изрази убедување дека и покрај здравствено-економската криза, која ја засегна нашата држава, како и останатите држави во светот, Владата што тој ја предводи останува фокусирана на создавање услови за нов циклус на динамичен економски раст, одржлив развој, ефикасна правна држава и силни институции, модерно образование и стабилно општество и внатрешна кохезија. 

-Ние сме на пат од кој нема враќање. Потрошивме премногу време на конфликти наместо на решавање на истите. Придобивките на нашата работа ги чувствуваат сегашните и ќе продолжат да ги живеат следните генерации. Со секој чекор, со секое отворено поглавје во преговорите со ЕУ, со секој решен проблем, работиме да го подобриме квалитетот на сите граѓани“, вели премиерот Заев во интервјуто за магазинот „CorD“, во кое одговара и на повеќе други прашања за регионот, за односите со соседите, Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Бугарија, за спроведувањето на Акциониот план за Договорот од Преспа со Грција, како и за најавениот економски, инвестициски план на Европската унија за Западен Балкан за кој се издвојуваат девет милијарди евра во следните шест години.

актуелно европеизација Заев корд северна македонија цел
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.