Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Иванов мора да го даде мандатот!
Македонија

Заев: Иванов мора да го даде мандатот!

март 9, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев придружуван од генералниот секретар Оливер Спасовски и членот на Извршниот одбор на партијата, Рената Дескоска, денеска се сретна со генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Зениер.

На средбата, според информациите од партијата, се разговарало за актуелната политичка ситуација во Македонија, по обидите за блокада на демократските процеси од страна на Ѓорге Иванов.

„Мнозинската волја на граѓаните на Македонија изразена на изборите е загрозена од уставната криза што ја предизвика Ѓорге Иванов со одлуката да не го даде мандатот за формирање влада и покрај обезбеденото мнозинство од 67 пратеници во Собранието за кои гласаа околу 700.000 граѓани. Ваквото продлабочување на политичката криза е со цел да му се остави простор на Никола Груевски, кој преку провокации и насилства се обидува да спречи мирен транфер на власта. Интерес на граѓаните и државата е да се формира влада согласно изразената мнозинска волја и да се врати нормалното функционирање на државата. Потребно е Иванов веднаш да ги одблокира процесите, да ја смени својата неуставна одлука и да го даде мандатот за формирање на Влада“, истакнал Заев на средбата.

Заев посочил дека е јасна определбата на СДСМ и граѓаните за промени, правда и нови економски политики што ќе придонесат кон добар животен стандард и дека е тоа возможно само со нова реформска Влада посветена на граѓаните и на евро-атлантската интеграција на земјата.

„Заедништвото и граѓанскиот концепт за коишто се определија граѓаните се огромна придобивка што ја води земјата напред и ја гарантира унитарноста на Република Македонија“, напоменал Заев на средбата со генералниот секретар на ОБСЕ, Зениер, се истакнува во соопштението на СДСМ.

ѓорге иванов Заев Зениер сдсм
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Средба на Муцунски со Петрова во Софија

октомври 8, 2026

Петрова пред средбата со Муцунски: Коридорот 8 мора да се заврши, а не да остане збир од одделни проекти

октомври 8, 2026

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да го повика Филипче на информативен разговор за скандалот во МО во времето на Петровска

октомври 7, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.