Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев и Шекеринска: Во секоја изборна единица двајца носители на листи – маж и жена
Македонија

Заев и Шекеринска: Во секоја изборна единица двајца носители на листи – маж и жена

март 8, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Во секоја изборна единица СДСМ ќе оди со двајца носители на листи – маж и жена, најавија денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев и заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска на прес-конференција во седиштето на партијата на тема
Родова еднаквост.

– Ќе имаме двајца носители на листи, двајцата паралелно ќе го покриваат теренот. Тоа е еден нов квалитет, освен бројката од 50 отсто жени ќе имаме по една носителка на листа жена и по еден маж носител.

Заев најави и дека покрај него и партиската заменик-претседателка Радмила Шекеринска ќе биде носител на пратеничка листа.

– Денеска ја продолжуваме постапката околу пратеничките листи, се координираме со коалициските партнери. Можам да објавам дека јас и Радмила Шекеринска ќе бидеме носители на листи, а за другото да ги почекаме органите да одлучат, рече Заев, додавајќи дека на пратеничките листи ќе се види континуитет, но, како што истакна, ќе има и нови ликови.

Шекеринска посочи дека за првпат донеле политички договор претходно, дека во секоја изборна единица ќе настапуваат како тандем, како комбинација на маж кандидат и жена кандидат, или жена кандидат и маж кандидат.

– Со тоа сакаме не само визуелно, туку у и политички да ја испратиме пораката дека за да се промени државата на подобро потребни се сите и дека на тој начин испраќаме порака и до девојчиња и до девојки и до момчиња и млади мажи – дека тоа е новата реалност која ќе ни донесе нов квалитет. Порано изгледаше дека тоа е само симбол, меѓутоа симболите во политиката значат и друга содржина. И во Собранието ние видовме после години критика на системот на квоти, дека квотите не се само бројки, туку дека тие носат и еден нов тип на дебата во Собранието.

И теми кои се наметнуваат, а долго време биле заборавени во Собранието. Така што ќе имаме многу носители и носителки на листи без разлика дали е некој прво или второ место, мислам дека тука сите покажавме дека позициите не ни се најважни – дека најважно ни е тоа што ќе го менуваме, подвлече Шекеринска.

На заедничката прес-конференција во седиштето на СДСМ, Заев и Шекеринска претходно ги презентираа мерките што се преземени во изминатите три години за целосна родова еднаквост во земјава.

– Го имаме најголемиот број жени во Парламентот и на функции во извршната власт.

Силно сме посветени на политики на целосна родова еднаквост. Го донесовме новиот Закон за прекин на бременоста, ја ратификувавме Истанбулската конвенција, засилувајќи ја борбата против семејното насилство…, изјавија Заев и Шекеринска, презентирајќи и нови мерки во тој правец, доколку победат на изборите.

Заев, во тој контекст, рече дека е сигурен дека неговата партија ќе победи на следните предвремени парламентарни избори на 12 април.

– Претходно имаше опасност, но сега сум сигурен дека ќе победиме на изборите, изјави Заев на прес-конференција во седиштето на СДСМ.

актуелно Заев шекеринска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.