Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Македонија ќе му надомести на Куманово, ја продолжуваме гасификацијата, градиме водовод и нови градинки
Македонија

Заев: Македонија ќе му надомести на Куманово, ја продолжуваме гасификацијата, градиме водовод и нови градинки

октомври 2, 2017Updated:октомври 2, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Добро вечер Куманово, добро вечер непресушен факел на слободата во Македонија кој што гориш 26 години слободарски како што било во целата наша македонска историја“ со овие зборови претседателот на СДСМ, Зоран Заев го започна своето обраќање пред граѓаните на Куманово на синоќешниот граѓански митинг.

Заев рече дека сета разноликост што извира од многубројните насобрани граѓани на плоштадот во Куманово претставува симболика на заедништвото, единството и сплотеноста со којашто граѓаните на Македонија итаат кон прогресот, иднината и животот за сите во Македонија.

„Единството, мултиетничко, го крепевме овде, на сите изборни циклуси наназад. Од овде искрата почна, па ја проширивме низ цела Македонија. Денеска имаме едно општество за сите. Да бидете горди кумановци, и вие Македонците, и вие Албанците, и вие Србите, и вие Ромите, и вие Бошњаците, и вие Власите, сите што сте од Куманово. Заради тоа што држевте лекција на Македонија сиве овие 26 години независност.

Ви се поклонувам вам, заради тоа што ваша заслуга е едно општество за сите. Мултиетничка единствена Македонија, порача претседателот Заев.

Заев констатираше дека во изминатите 11 години поранешната власт ништо не направи за Куманово и најави дека тоа сега го менува новата Влада која се грижи за сите граѓани и во таа насока ќе се насочи и кон Куманово помагајќи го развојот и на оваа општина.

„Ќе ја продолжиме гасификацијата којашто досега е реализирана од 14 км, припоени се јавни објекти, почнаа да си припојуваат и домаќинства и стопански објекти. Продолжуваме понатаму каде што застанавме. Директно ќе добиете поддршка и помош од државата за конечно решавање на проблемот со водоснабдувањето на Куманово. Оти Куманово не е надвор од Македонија па до сега да не му се помогне, нагласи Заев.

„За овој осумнаесет и пол километарски водовод, којшто треба да го направиме од Куманово до Липково, ќе го решиме заедно! Куманово и Владата на Република Македонија како партнери. После долги години без капитални инвестиции во образованието и детските градинки се трудеше општината да одржува, да реновира со сопствени средства, иако е ненадлежна.

„Капиталните инвестиции за градинките и училиштата се под државата. Конечно ќе насочиме огромни средства во капитални инвестиции за реновирање на постојните детски градинки и училишта и ќе изградиме нови детски градинки во Куманово.

„Никогаш повеќе да немате проблем со уписот на вашите деца во детските градинки во Куманово“ порача претседателот на СДСМ Зоран Заев на синоќешниот митинг којшто се одржа во Куманово.

Заев ги повика кумановчани да излезат масовно на гласање за локалните избори и да го поддржат кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата, Максим Димитриевски како и листата на кандидати за советници.

актуелно бошњаци власи Зоран Заев куманово македонија сдсм Срби троми
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.