„Ниеден судија повеќе нема да си дозволи да осудува невини луѓе. Ниеден судија нема да смее да помисли да монтира судски процеси и ниеден судија нема да помисли да работи за криминалци затоа што криминалците ќе бидат таму каде што им е местото“, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес-конференција.
Тој додаде дека и сега има поединци кои одважно ја бранат прадвата, за што, како што рече, трпат последици и дека со реизборот на судиите, што ќе се случи по критериуми што веќе во повеќе земји даваат видливи резултати, политичарите ќе мора да ги повлечат канџите од судството.
Дополнително, како што додаде, бројчаникот што ќе го постават да врти на Триумфалната капија, ќе покажува како секој денар украдени пари на граѓаните се враќаат и ќе биде паметник за секого, дека за такво зло врз граѓаните, се одговара.
„Доаѓа време кога секој ќе биде еднаков пред законот. Секој заслужува правда и ве уверувам ќе има контрола над власта и ќе има правда за сите во Македонија, рече претседателот на СДСМ.







