Премиерот Зоран Заев синоќа одржал консултативна средба и координација за претстојните активности како дел од новиот циклус разговори поврзани за проблемот за името, со амбасадорот васко наумовски, специјален пратеник во разговорите.
На средбата присуствувале и заменик претседателот на владата задолжен за евроинтеграции, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров. На неа, како што се вели, е констатирано дека за средбите на медијаторот, Метју Нимиц со амбасадорите Наумовски и Василакис кои се закажани да почнат на 11 декември, е постигната позитивна клима и во Република Македонија и во Република Грција.
Во разговорот на оваа средба меѓу премиерот Заев, Османи, Димитров и Наумовски, е оценето дека за решавањето на оваа прашање од особена важност се инклузивноста, како и потребата од кохезивност во ставовите за ова прашање од врвен национален интерес за Република Македонија, пишува во владиното соопштение.







