Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев нема да понесе одговорност, жртва е на измама во која не ѝ наштетил на државата
Политика

Заев нема да понесе одговорност, жртва е на измама во која не ѝ наштетил на државата

јули 9, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Премиерот Зоран Заев рече дека нема да понесе одговорност тој или некој од неговите советници и луѓе од протоколот за тоа што телефонски зборувал наводно со Порошенко и со Столтенберг, бидејќи не е нанесена штета на интересот на државата, не открил државна тајна или безбедносно сензитивни информации, и затоа
што тоа им се случило и на многу подобро организирани земји и со поголем капацитет за сајбер-безбедност.

Признава дека е измамен и станал и тој жртва на доброорганизирана анти-НАТО пропагандна структура.

Не смета дека е тоа нарачка од некого во земјава затоа што измамниците се познати во светот и цел им се земји или аспиранти за НАТО, а земјава е на прагот да стане полноправна членка на Алијансата.

Жали и се извини за тоа што се злоупотребени политичарите во чие име се претставуваат наводните соговорници.

Набројувајќи светски лидери кои биле на ист начин измамени, ги спомна Емануел Макрон, Борис Џонсон, Сакашвили, Ердоган, музичарот Елтон Џон,…рече дека листата покажува дека е во добро друштво и дека жали што нему му требало подолго време
за да ја сфати измамата.

Се оправда дека тоа се должи на неговата отвореност и достапност за секого од што не планира да се откаже и по ова, зашто, како што рече, не сака да се затвори за комуникација.

Со тоа што на наводните високи политичари им дава телефонски броеви од други државници, рече, никому не наштетил бидејќи и неговиот телефон е достапен за сите.

Од наводните разговори рече има сериозни интервенции во контекст кој не е автентичен кога разговара за МПЦ со „лажниот“ Порошенко.

Рече потврдени се неговите ставови за МПЦ да добие автокефалност, а дека
разговарал за помош на верските заедници.

„Еден дел за кој разговараме е автокефалност, сосема друг дел е колку треба да се поддржат верските заедници. Апсолутно не го сфаќам сериозно затоа што се зборува за 100.000 евра, а за мене тоа секогаш биле материјали, најчесто цигли, некојпат финансиски донации и слично и тоа бегло го поминувам… Ме води чувството таков каков што сум. Во разговорот јас се смешкам дека е така, се разбира, зашто треба да се помага. Јас немам проблем да помагам за интерес на верските заедници. Јас бев и на суд за градење црква во Струмица, моето семејство и лично јас имаме изградено 14 цркви и четири џамии. Помагам зашто тоа се божји домови, јас сум верник“.., рече Заев.

Рече дека е „од крв и месо“, има динамична агенда и чести телефонски разговори, кои ги прави од својата канцеларија на фиксна линија кога е на работа или преку апликацијата WhatsApp.

Од сите разговори неговите советници прават записници, а и овие разговори, рече, биле споделени со јавноста.

Не очекува реперкусии во дипломатските односи со земјите инволвирани во трите објавени разговори и засега нема реакции од политичарите со кои наводно разговарал.

Заев најави дека во иднина ќе бидат зајакнати протоколите за безбедни комуникации, а Владата во соработка со партнетите од НАТО ќе изработи план за борба со вакви акции за дезинформирање и манипулирање.

Премиерот се обрати на прес-конференција по објавеното видео на Јутјуб од руските „пранкери“ Владимир Кузенцов (Вован) и Алексеј Столаров (Лексус), кои лажно се преставуваат како поранешниот украински претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

актуелно жртва Зоран Заев измама одговорност
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.