На вечерашниот ТВ дуел премиерот Зоран Заев со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повтори дека остануваат посветени да ја внесат Македонија во ЕУ и НАТО.
Со самото тоа би се подобрил животот на сите граѓаните.
Заев рече дека нема патриотизам на празен стомак.
За Мицкоски пак ова не води во добар правец, и додава дека се води егзибиционистички целиот процес. Исто така, вели дека не е спасено достоинството, туку процесот е урнисан.
Тој рече дека на државата најголем капитал е народот, кој Заев според него го потценил.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека џабе министерот за надворешни работи, Никола Димитров бара мудрост, сепак реалноста е нешто сосема друго.







