Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Не размислувам за предвремени парламентарни избори
Македонија

Заев: Не размислувам за предвремени парламентарни избори

октомври 17, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека не размислува за предвремени парламентарни избори бидејќи приоритет во моментов е завршување на локалните избори кои се во тек, а нивниот досегашен резултат, вели, го охрабрува да се фокусира на носење сериозни одлуки, меѓу кои и за прашањето за името на транспарентен и инклузивен начин.

„Не размислувам за предвремени парламентарни избори бидејќи се` уште се во тек локалните избори, а наш приоритет е тие на 29-ти да завршат комплетно регуларни и кредибилни како и во првиот круг оти само тогаш Македонија победува. Веројатно ќе ги носиме одлуките по 29-ти. На оваа поддршка гледам како поддршка за работа, а не пак за избори. Резултатите од локалните избори ми даваат дополнителна храброст за носење одлуки вклучувајќи го и решавањето на спорот за името.

„Македонија има сериозни одлуки пред себе и треба да ги носи на еден транспарентен и инклузивен начин, меѓу другото и одлуките за проблемот којшто Грција ги има со нашето уставно име – рече Заев на заедничката прес-конфернција со претседавачот на Советот на миниситри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ.

Тој потсети дека го повикал посредникот во разговорите Нимиц уште во ноември по изборите да излезе со нови предлози и идеи за надминување на спорот за името.

„Јас го повикав медијаторот Нимиц уште во ноември после изборите да дојде со нови предлози, идеи и со можни решенија по што би навлегле во нивно решавање и би ја повикал опозицијата да учествува во ова прашање, институциите на системот, но во функција на изнаоѓање решение, а не на негово одложување.

„Затоа што навистина сакаме Македонија да стане 30-та членка на НАТО и затоа што е значајно одлуките што ЕУ ќе ги носи на пролет е одлична можност да почнеме преговори, а сите знаеме дека мораме да направиме нешто со овој сензитивен проблем како наметнат од грчка страна, рече Заев.

Во овој контекст, тој додаде дека е охрабрен од добрите односи со властите во Атина во изминатиот период од формирањето на новата Влада.

„Градењето на пријателството со Грција што го имавме сите овие месеци наназад дополнително мене лично и другите министри во Владата не охрабрува дека треба да влеземе во клинч на решавање на овој проблем притоа секако внимавајќи на нашата поставеност и нашето место во поглед на изнаоѓање решение.

„Сигурен сум дека по изборите ќе има попрецизни и поконкретни и стратегии и правци, но сигурен сум ќе се разговара за решавање на овој проблем, рече премиерот Зоран Заев.

актуелно Атина Босна и Херцеговина Влада на РМ Грција ЕУ Зоран Заев македонија НАТО Нимиц
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.