Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ
  • УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен
  • АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите
  • Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица
  • Протести што ја потресоа Франција: Макрон ја отфрли оставката на министерката за внатрешни работи
  • Анализите од примероци вода за пиење во Скопје ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедност и квалитет
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев : Македонија добива 260.000 евра како помош од ЕУ
Македонија

Заев : Македонија добива 260.000 евра како помош од ЕУ

септември 4, 2018Updated:септември 4, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Посочувајќи ги бенефитите од зачленувањето во НАТО и во Европската Унија, премиерот Зоран Заев синоќа пред беровчани истакна дека грантовите и финансиската поддршка коишто и сега ги добива Македонија од фондовите на Унијата за развој на патната и железничката инфраструктура, на пример, по зачленувањето на земјата ќе се зголемат неколкукратно. Дополнително, посочи Заев, ќе се отвори огромниот пазар на ЕУ за македонските земјоделски производи.

„260.000 евра дневно добива Македонија како помош од Европската Унија. Таа помош ќе расте со нашиот напредок кон унијата. Европската унија – тоа е пазар на 500-тини милиони потрошувачи. Не е исто тоа што го произведувате, дали е беровскиот компир, дали е сливата или било што да го продавате овде на пазар од милион и шестотини или на 500-тини милиони потрошувачи. Тоа не е исто. Зошто не е исто? Зголемена побарувачка, посигурен пласман и повисока цена. Тоа се големи придобивки“, рече премиерот Заев на Граѓанската трибина во Берово.

Претседателот на Владата на Република Македонија и во исто време претседател на СДСМ, Зоран Заев синоќа на средба со граѓаните во Берово уште еднаш ги повика опозициските политички партии, субјекти, граѓански здруженија и поединци кои не се дел од коалицијата „Заедно за европска Македонија“, да се вклучат, бидејќи како што рече, само храбрите и мудри луѓе носат храбри и мудри одлуки.

„Ова што го правиме е вредно за нашата заедничка Република Македонија. Опозицијата може да биде критична, должност и задача и е да биде критична. Може и да не се согласува со договорот. Може по Заев да маваат и дрва и камења. Може да викаат колку сакаат дека е катастрофален. Но, таа е исто така за НАТО и за ЕУ. И истата таа опозиција знае дека нема НАТО и ЕУ без договор со Грција. Затоа ја користам приликата и од убавото Берово, да ја повикам преку овие камери да се приклучат. Нашиот народ сака еднаш да не види заедно. Ако не за иднината на Македонија, ако не за Европска Македонија, за што да застанеме заедно“, рече меѓу другото Премиерот Заев.

Синоќа, пред беровчани, премиерот Заев изрази верување дека граѓаните на Република Македонија, на 30 септември, ќе излезат масовно и ќе бидат визионери. Односно дека ќе бидат дел од пишувачите на поновата историја на Македонија и дека ќе се разбудат горди што придонеле за подобра иднина на своите деца, на своите внуци.

„Направивме компромис заради придобивките. Заради тоа што добиваме. За да еднаш во европска Македонија ги погледнеме децата наши во очи и со гордост им кажеме: Го направивме чедо компромисот за денес да живеете вака убаво, да имате перспективи, да ни бидете овде и вас деца и внуци да чекаме“, заклучи премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, синоќа во Берово.

актуелно берово ЕУ Заев македонија НАТО сдсм
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.