Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Од владиниот тим очекувам работа, чесност и одговорност
Македонија

Заев: Од владиниот тим очекувам работа, чесност и одговорност

август 20, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Разговорите околу распределбата на ресорите сé уште трае. Сакам да носиме одлуки согласно квалитетот на кадрите. Првата работа што ја кажав вечерва и ја побарав од новите министри е работливост. Би почитувал работа и повеќе од осум часа. Очекувам комплетна фокусираност зашто не чека неповторлив период. Втората работа е чесноста и одговоронста“, истакна лидерот на СДСМ и иден премиер, Зоран Заев кој вечерва по седницата на Централниот одбор ги соопшти кадровските решенија кои ќе бидат дел од новата влада.

„Секој што ќе се огреши пред законот, дали е Заев, некој познат или непознат, експерт или не, ќе одговара, но тоа не е доволно. Битен е и етичкиот однос. Очекувам од кадрите да преземат одговорност секогаш.
Тоа е пораката–да внимаваат како работат. Можеби да, по закон, но не доволно етички. Овие две принципа мора да бидат комплетно испочитувани. Така се водиме и во формирањето на институциите“, потенцира Заев.

Во новата влада, наместо 26, како досега, ќе има 19 министри или седум
помалку.

Министер за внатрешни работи ќе биде Оливер Спасовски, за одбрана Радмила Шекеринска, а за правда Бојан Маричиќ. Благој Бочварски ќе раководи со Министерство за транспорт и врски, Јагода Шахпаска со ресорот за труд и социјална политика, а Ирена Стефовска ќе биде нов министер за култура.

Венко Филипче останува министер за здравство, вицепремиерката Мила Царовска ќе раководи со Министерство за образование и наука, а досегашниот шеф на дипломатијата Никола Димитров ќе биде вицепремиер задолжен за европски прашања.

Фатмир Битиќи ќе биде вицепремиер за економски прашања, а Љупчо
Николовски вицепремиер за борба против корупцијата.

Министерот за локална самоуправа ќе биде соопштен дополнително.

Заев нагласи дека се работи за професионални, одговорни, отчетни и посветени кадри кои во новиот, полн, четиригодишен мандат целосно ќе ги реализираат програмата и принципите.

Од 19 министри, СДСМ на свој предлог има 11 од кои осум се со ресор, плус тројца потпретседатели на Владата кои се предлагаат како министри без ресор.

Од осумте министри со ресор, пак, четири се жени, а четири мажи со што, нагласи Заев, се испраќа пораката за еднаквост помеѓу мажите и жените во земјава.

Потврди и дека на БЕСА и е даден ресорот земјоделство, додека со локална самоуправа ќе раководи ЛДП.

Приоритети на новата влада, рече Заев, ќе бидат економијата, судските реформи, капиталните инфраструктурни проекти, животната средина и вложувањата во здравството.

Продолжува имплементацијата на договорите со Грција и Преспа, како и Охридскиот рамковен договор.

Според него, СДСМ на Централниот одбор констатира дека победија исправните и принципиелни политики кои земјата ја водат напред.

„Имавме доволно големина и јас и Ахмети, и СДСМ и ДУИ, да се согласиме јас да ја водам Владата четири години, а последните сто дена премиер да биде предлог од ДУИ со заедничка согласност. Парламентарното мнозинство ќе го почитува духот на заедничкото работење кое подразбира конструктивност, дијалог, респектирање на туѓо мислење базирано на аргументи и градење консензулана демократија, наместо паралелизам, етноцентризам и надгласување. СДСМ и ДУИ веќе ги усогласуваат своите изборни платформи во заеднилка четиригодишна владина програма. Пред нас се четири години домашни предизвици, ќе гледаме буквално пред очи како земјата ни се трансформира на подобро низ поглавјата, преговорите и европеизацијата, преку економскиот стандард и севкупниот квалитет на живот на граѓаните. Ова се четири години во кои како земја многу повеќе ќе добиеме отколку што ќе дадеме“, истакна Заев.

Тој, меѓу другото, информира и дека на вечерашниот Централен одбор е одлучено 25-от конгрес да се одржи на крајот на септември или почетокот на октомври, зависно од состојбите со корона кризата.

„Вечерва беше утврден и бројот на делегати на конгресот, како и правилник за постапката начинот, критериумите и роковник за избор на делегати за мандатен период септември 2020–септември 2024 година. ЦО избра и нов претседавач за следната година, а тоа е пратеничката Сања Лукаревска“, соопшти Заев.

Одговорајќи на новинарски прашања, Заев рече дека кадровските решенија се усогласени низ дебати и донесени консензуално, едногласно, од сите.

Министрите како Рената Дескоска, Дамјан Манчевски, Горан Сугарески, Едмонд Адеми и Роберт Поповски иако не се повторно кадндидати за позициите, продолжуваат да бидат дел од тимот и ќе помагаат со оглед на нивното знаење и исксуство.

„Тоа е причина и за освежување на владата, за нови предизвици. Градејќи се како министер се стекнуваат сериозни искуства кои може да дадат придонес и во други институции на кои им треба кадровско доекипирање и промена на раководители за да бидеме уште подобри“, истална лидерот на СДСМ.

Во однос на намалениот број министерства, Заев е дециден дека како
мала земја овој сегмент треба да се рационализира.

За пропаѓањето на „Евростандард банка“, пак, лидерот на СДСМ истакна
дека банкарскиот сектор е независен и тоа не е политичко прашање.

Тој изрази уверување дека Народната банка преземала се што е во рамки
на законските обврски.

„Фондот за осигурување на депозоти има 17 милијарди, а обесштетувањето за Евростандард е околу четири милијарди денари. Обештетувањето на граѓаните е сугурно. Дополнително со стечајната постапка верувам дека ќе биде обештетен и Фондот“, изјави Заев.

Заев го доби мандатот за составување нова влада во четвртокот минатата недела од претседателот на државата Стево Пендаровски.

Како што рече вечерва, ако следната недела Собранието ја избере владата, веднаш ќе излезе со предлог за заменици минстри, а по комплетното формирање на владата ќе се донесе и одлуката за раководители на институциите кои се под извршната власт.

актуелно Владин тим Заев
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.