Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев од Давос: Ги мотивираме компаниите да инвестираат, ги отвораме економските врати за нашата земја
Македонија

Заев од Давос: Ги мотивираме компаниите да инвестираат, ги отвораме економските врати за нашата земја

јануари 24, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Денес, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев и од министерот за економија, Крешник Бектеши, учествуваше на панел дискусии и оствари бројни средби во рамките на работната политичка и економска агенда, за време на неговото учество на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија. Во продолжение ви ја пренесуваме изјавата на премиерот Заев после завршување на првиот работен ден во Давос во целост:

 

„Пред точно една година, овде во Давос, со премиерот на Република Грција, господинот Алексис Ципрас, за првпат направивме средба и ја отворивме иднината за нашата земја. Постигнавме договор за иднината на Македонија. За сегашните и идните генерации ги отворивме портите за надежна и перспективна иднина на нашите граѓани.

Еве сега, после една година сум овде со потпретседателот за економски прашања на Владата на Република Македонија, господинот Кочо Анѓушев, и со министерот за економија, господинот Крешник Бектеши, влезени комплетно и целосно во економска агенда. Овде, оваа година ги отвораме економските врати за перспективната иднина на нашата земја, Република Македонија.

Јас верувам дека оваа можност која ни се дава како покана по втор пат да бидеме овде присутни, овде во Давос, потврдува дека Македонија е дел од глобалниот демократски свет и дел од сите планови на економиите коишто светот ги развива и ги планира во периодот којшто доаѓа пред нас.

Ја користиме токму оваа прилика да ги оствариме состаноците коишто се вредни за Македонија и коишто треба да донесат бенефит преку инвестициите. Зборуваме на состаноци и со Гугл, и со Циско, и со Филипс, и со Сан Груп од Индија, и со многу други компании од автомобилската индустрија, од техничките индустрии, коишто имаат интерес во целиот овој наш регион, па и во нашата земја Република Македонија.

Се сретнавме со претставници на компании од Западна Европа, од Југоисточна Европа, но и од Блискиот Исток. Се надеваме на средби дури и со компании од Кина, од Кореја, од Јапонија, од Америка.

Целата наша задача е да ги мотивираме колку што може повеќе компании да имаат фокус кон Македонија. Сега и амбиентот е поинаков, сите знаат дека Македонија е безбедна и стабилна земја, идна или следна членка на НАТО Алијансата, земја со перспективи кои што очекуваат да отворат поглавја со Европската Унија. Сето тоа ги овозможува разговорите многу по надежни, многу по перспективни и навистина имам право да кажам дека сето ова кое што од овде го имам како впечаток дефинитивно носи убава економска иднина за нашата Македонија и за сите нејзини граѓани.“

актуелно давос Заев изјава
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.