Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев од 25. Конгрес на СДСМ: Имаме признат македонски национален идентитет од целиот свет, македонскиот јазик е впишан во нашата лична карта во ОН
Македонија

Заев од 25. Конгрес на СДСМ: Имаме признат македонски национален идентитет од целиот свет, македонскиот јазик е впишан во нашата лична карта во ОН

октомври 25, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„По решавањето на спорот со Грција меѓу двете држави, во Договорот со Бугарија, после темелниот демократски реформски пресврт во земјата, се отворија вратите на
евроатлантската перспектива. Денес сме 30 членка на НАТО, остваривме една од двете најголеми стратешки цели во државата и сме еднакви и рамноправи со останатите 29 земји членки на најсилниот военобезбедносен сојуз“, истакна денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев на 25. Конфрес на партијата кој е и прв дигитален конгрес во земјава.

„Имаме обезбеден и признат македонски национален идентитетн од целиот свет. Македонскиот јазик е впишан во нашата лична карта во ОН. Имаме држава со имотен лист. Одиме напред кон ЕУ и имаме јасни очекувања, одржување на првата Меѓувладина конференција и започнување на преговарачкиот процес“, истакна Заев.

Пред делегатите нагласи дека државата предводена од СДСМ има силна поддршка и од пријателската партија на европските социјалисти.

„Токму оваа партија пред неколку денови усвои заедничка изјава со која од Советот на ЕУ бара преговарачката рамка со Северна Македонија да биде усвоена до 10 ноември, а првата Меѓувладина конференција да се одржи до крајот на оваа година“, рече Заев.

Лидерот на СДСМ потсети и на домашните успеси кои, како што рече, преку политики отворени кон и за сите граѓани се успеа сериозно да се зголемат платите во нашата државата.

Денес, рече Заев, минималната плата е повисока за 5.500 денари, а просечната за над 4.700 денари споредено со 2017 година.

СДСМ, рече Заев, е првата партија во нашата држава која на следниот конгрес својот претседател ќе го бира на директни внатрепартиски избори, непосредно секој член ќе може да гласа и директно да одлучува кој и како ќе ја води партијата.

Првите вакви избори е планирно да се одржат веќе следната година кога истекува мандатот на ова раководство, а тоа е следната пролет.

На овој конгрес за првпат СДСМ ќе добие и форум на пензионери, а ќе се зајакнуваат капацитетите и овластувањата на Форумот на жени, социјалдеморатската младина, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, како и комисиите на партијата.

„Конечно на овој конгрес СДСМ пишува црвена боја, како своја боја. Тоа е боја на социјалдемократијата, на победата, на левицата, боја на слободата, боја на животот, тоа е боја на македонската иднина“, истакна Заев.

Лидерот на владејачката партија Заев рече дека додека СДСМ се менува и внесува нови современи пракси и додека ја зајакнува демокртијата, отвореноста и отчетноста на партијата, кај политички противници ништо не се менува.

„Тие се уште се заробени во сопствената лага во сопствената манипулација, живеат во омраза и злоба. Заглавени во минатото во обид да го одбранат криминалот на режимот без чувство на реалност, без грам одговорност кон сопствениот народ“, рече Заев.

Претседателот на СДСМ потенцира дека 25. Конгрес е прв конгрес кој доаѓа после изборна победа на СДСМ од позиција на владејачка партија, нешто што се нема случено од 1994 година.

„Овој Конгрес доаѓа после победата на предвремените парламентарни избори на кои граѓаните повторно ни ја дадоа довербата, ни ја укажаа честа да продолжиме по вистинскиот пат. Овој Конгрес е после изборна победа на СДСМ од позиција на владејачка партија. Нешто што се случи првпат од постоењето на партијата имајќи предвид дека во 1994 година, тогашната опозиција ВМРО-ДПМНЕ се повлече од учество на изборите во вториот изборен круг“, заклучи Заев.

Генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски пред делегатите рече дека СДСМ денеска е најнапредна и најмодерна партија која функционира современо, брзо европски по строги и високи стандарди кои постојано ги унапредува.

„Во преамбулата на Статутот покрај слободата, еднаквоста и солидарноста како основни социјалдемократски вредности и демократијата како цивилизациска вредност ја додаваме и клучно правдата. Правдата и економијата се основните обележја на трајната посветеност на нашата партија“, рече Николовски.

Информираше дека вредностите, програмските принципи и начела на партијата ќе бидат заштитени со кодекс за однесување на членовите на СДСМ но и дека сите членови, од партиските активисти до претседателот, ќе бидат еднакво обврзани кон вредностите на СДСМ.

„Ние сме нова генерација која пред себе има можност да креира нов профил на политичари, нова дефиниција на политичар во нашето општество. Политичари што се водат според највисоките морални и етички вредности кои сами на себе треба да бидат најсилна контрола“, нагласи Николовски

Генсекот на СДСМ порача дека никој не смее да си дозволи да го наруши угледот и достоинството на членовиите на СДСМ и на самата партија во целина и дека сега е време на ред, на правда на дисциплина.

„Време кога сите се еднакви пред законите и тоа граѓаните го очекуваат од секој од нас“, рече Николовски.

актуелно Заев конгрес сдсм
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.