Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Отворањето на училиштата е најпосакуваната одлука
Македонија

Заев: Отворањето на училиштата е најпосакуваната одлука

септември 1, 2021Updated:септември 1, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Владата, Зоран Заев со видеообраќање го честиташе почетокот на новата учебна година 2021-2022 година.

Во продолжение на ова соопштение ви го пренесуваме интегралното обраќање на премиерот Заев:

„Почитувани наставници и родители, драги ученици во основното и средното образование, ви посакувам новата учебна 2021 – 2022 година да започне и да се одвива во симболиката на старото нормално.

На сите првачиња и на сите родители им го честитам почетокот на најважната фаза во нивниот живот кога ќе ги истражуваат неизмерните длабочини на знаењето. Знам дека нивната љубопитност и желба за истражување ќе им донесе радост за секое стекнато знаење. Тоа е нивниот влог за успешна и убава иднина.
Несомнено е дека отворањето на училиштата за настава со физичко присуство е најпосакуваната одлука за сите кои посакуваат здрав психо-социјален развој на учениците.
Сите многу изгубивме изминатата година, соочувајќи се со пандемијата која го затече целиот свет.
Сакам да им се заблагодарам на сите наставници, а секако и на родителите, кои се справија со предизвиците на онлајн наставата и не дозволија децата да изгубат од образованието.
Сега е време да го надополниме, сето она што не можевме да го развиваме во рестриктивните мерки.
Од наставата со физичко присуство нема подобра опција, тоа го тврдат наставниците, учениците, организациите кои се бават со психо-физичкото здравје на децата. И затоа се посветивме на сето она што е најважно за враќање на учениците во училишните клупи.
Владата, заедно со Министерството за образование, ги вложи сите напори во обезбедувањето  на здравствено безбедни средини за учениците.
За да се спречи ширењето на КОВИД-19 во училиштата потребна е максимална одговорност и почитување на планот и протоколите што ги усвоивме од страна на сите учесници во воспитно – образовниот процес, од ученици, наставници, родители, од општините.
Јас сум убеден дека децата веќе знаат зошто ги носат маските и зошто ќе се дружат малку пооддалечени еден од друг.
Министерството за образование и наука има развиено планови, кои ја покажуваат спремноста да се делува во било кое од можните сценарија кои можат да се случат.
Уверен сум во таа спремност, исто како што знам дека сите будно ја следиме епидемиолошката состојба и се прилагодуваме на неа.
Важно е да бидеме одговорни и надвор од училиштата. Затоа и ја стимулираме вакцинацијата, бидејќи колку повеќе ни се заштитени возрасните дома, толку послободни ни се децата на училиште.
Толку поголеми ќе бидат насмевките и дружбата кај учениците.
Ако сите се придржуваме до мерките, послободни ќе ја поминеме оваа училишна година и со тоа ќе придонесеме да биде и последна ваква, пандемиска.
Сите сме заедно во ова и секоја поддршка и соработка од родителите, наставниците и од учениците е добредојдена.
Сите мора да бидеме солидарни и да покажеме разбирање и свест.
Драги деца, родители и наставници нека е среќен првиот училишен ден!” порача Заев.
актуелно Заев училишта
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.