Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
  • СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?
  • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев очекува Бугарија да продолжи да ѝ биде партнер и поддржувач на Северна Македонија на нејзиниот европски пат
Политика

Заев очекува Бугарија да продолжи да ѝ биде партнер и поддржувач на Северна Македонија на нејзиниот европски пат

септември 23, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Премиерот Зоран Заев очекува Бугарија да продолжи да биде наш пријател и поддржувач во процесот на евроинтеграција согласно членот 2 од Договорот за добрососедство, пријателство и соработка. Како што денеска изјави, земјава нема да
испорача никакви конкретни чекори додека не ја добие поддршката.

„Ние сме подготвени да ги преземеме заемно како две страни нашите обврски. Впрочем, голем дел и ги преземаме непишано – борбата против говорот на омраза да ја таргетираат двете министерства за надворешни работи, но и самите институции реагираат кога се сквернават споменици, кога се валка национално знаме на која било од двете земји итн. Ги преземаме дејствијата заради тоа што пријателите тоа го прават. Но, пред нас имаме и патоказ на којшто треба да работиме, а тоа е унапредување на институционалната соработка, инфраструктурната поврзаност меѓу
двете земји, меѓусебното помагање и размена на искуство на сите наши идни перспективи. Спремни сме преку дипломатска нота да дефинираме дека краткото име е исто со долгото име на државата, односно дека Северна Македонија е исто што и Република Северна Македонија, дека немаме територијални претензии“, изјави Заев по денешната промоција на новата инвестиција на компанијата „Филип Морис“.

Во однос на најавите за бришење на зборот „бугарски“ каде што се споменува фашистички окупатор во учебниците и спомениците, Заев рече дека не треба да се поистоветуваат цели нации со фашистичкиот окупатор и оти ваквата најава е во духот на пријателството, добрососедство и еврпопските манири. Смета дека со ваквата најава не се меша во работата на Мешовитата македонско-бугарска комисија која, како што рече, се занимава со историските моменти од тоа време.

„Ние зборуваме за политичкиот дел на одлучувањето коешто се однесува на иредентизам, на провокативност и на неевропски манири. Во западноевропските земји, фашистичкиот окупатор нема етничка боја, нема национална боја и затоа на спомениците ќе остане фашистички окупатор, целта е да се избрише бугарски“, рече Заев, додавајќи дека не смее цели нации да се обвинуваат за фашизам.

Фашистичкиот окупатор, рече Заев, беше Третиот Рајх и пактот којшто беше создаден од страна на Германија, Италија и Јапонија на кој се приклучија земји, меѓу кои беше и Бугарија, но не може да ги осудувате следните генерации дека се фашисти.

„Апсолутно не сакам на некој ниту да му учинам повеќе од тоа што е дозволено, ниту пак да направиме некои дополнителни чекори. Апсолутно граѓаните знаат дека историјата ќе испише кој бил на страната на фашизмот и кој учествувал, но тоа не значи дека треба да дадете етнички предзнак и етничка придавка пред фашистичкиот окупатор“, рече Заев.

актуелно бугарија европски пат Заев северна македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.