Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
  • СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?
  • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Повисока граѓанска свест за потребите на Ромите
Македонија

Заев: Повисока граѓанска свест за потребите на Ромите

април 6, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, синоќа присуствуваше на чествувањето на Светскиот ден на Ромите во Македонската опера и Балет.

Во обраќање пред присутните гости на свеченоста, меѓу кои беа и претставници на дипломатскиот кор, пратеници од Собранието на Република Македонија и министри од Владата на Република Македонија, честитајќи го празникот, Премиерот Заев истакна дека општината Шуто Оризари е единствената општина во светот каде што мнозинството граѓани се Роми и каде што ромскиот јазик е официјален јазик покрај македонскиот јазик.

Тој потсети дека од 2001 година, со направените уставни измени, и Ромите се рамноправен народ во Република Македонија, и додаде:

„Се изборивме лани, заедно, за изградба на Република Македонија во Едно општество за сите, со еднакви права и должности пред законот. И се почувствував гордо за овие придобивки, со коишто сигурно се гордеете и вие, што не беше лесно ни да се постават како цел, ниту да се дојде до нив. Но факт е дека мора да се постигне ниво на достоинствени услови за живот кон што сме насочени.

Претседателот на Владата на РМ нагласи дека Меѓународниот ден на Ромите, 8 април, освен што е бележник на ромската култура е и ден на граѓанската свест, и повика на уште повисока граѓанска свест за потребите на граѓаните Роми во нашето општество!

„На сите нас, од сите националности и вери, деца, стари, возрасни, ни требаат и образовни и културни права – но потребен е и достоинствен живот. И факт е дека меѓу најзасегнатите за посочените прашања се граѓаните Роми“, рече Премиерот Заев.

Тој укажа на фактот дека веќе се направени првите чекори кон решавањето на горливите проблеми со домувањето, поседувањето лични документи, малолетничките бракови, пристапот до вработувања, до здравствено осигурување, вклученоста на Ромите во културата и образованието, на што посветено работи Министерството за труд и социјална политика, во рамки на централната власт и во соработка со општините и со граѓанските организации, и истакна некои од поважните активности како што се проектот Инклузија на деца Роми во предучилишни установи во текот на учебната 2017-2018, основањето на 12 ромски информативни центри, во 12 општини. Се работи активно на терен, на информирање, советување, повикот до сите лица кои не се регистрирани во Матичната книга на родени, да поднесат барање за дополнителен упис, Програмата за ослободување од плаќање здравствена партиципација децата, чии родители се корисници на правото на социјална парична помош, Имплементацијата на новиот Проект за социјално мапирање, финансиран од Европската Комисија, како и повеќе други иницијативи за социјална кохезија и еднаков развој во општеството.

„Сакам да потенцирам дека силна е политичката волја на Владата на Република Македонија, за вистинска имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија. Со овие ангажмани се постигнува изедначување на степенот на вклученост и интеграција на Ромите со сите други етнички заедници во земјава.

Определени сме да ги следиме и сите европски препораки, меѓу коишто е и Европската Платформа за вклучување на Ромите“, рече премиерот Заев на свеченоста по повод Меѓународниот ден на Ромите.

актуелно Влада на РМ Зоран Заев македонија платформа роми
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.