Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ
  • УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен
  • АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите
  • Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица
  • Протести што ја потресоа Франција: Макрон ја отфрли оставката на министерката за внатрешни работи
  • Анализите од примероци вода за пиење во Скопје ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедност и квалитет
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Пријателството со Бугарија е искрено
Македонија

Заев: Пријателството со Бугарија е искрено

август 10, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Македонија и Бугарија имаат искрено пријателство и соработка“. Ова го порачува премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

„Гледам во пријателска Бугарија се отвори јавна дебата и се постави дури и прашањето за тоа дали ние двете земји и двата народа градиме искрено пријателство и соработка. Сакам да им порачам на сите граѓани, дури и на критичарите во Македонија и во Бугарија, да немаат дилема дека пријателството и соработката се искрени – наведува Заев.

Тој додава дека повеќе од една година чествуваме заеднички делови од историјата меѓу двата народа и оти неколку пати заедно одбележуваме историски настани.

„Јас сум првиот премиер на Македонија што во Бугарија (Благоевград) се поклони пред споменикот на Гоце Делчев при заедничкото одбележување на празникот. Претходно мојот пријател, господинот Борисов, беше прв бугарски премиер кој се поклони пред гробот на Гоце Делечв во Македонија (Скопје) при заедничкото одбележување на празникот. Заедно двајцата претседатели на влади се поклонивме и пред споменикот на Цар Самоил во Софија. Заедно во Рим, во Ватикан оваа година ги славевме Светите браќа Кирил и Методиј, заедничките сесловенски просветители. Премиерот Борисов дојде во Скопје специјално  да се поклони пред споменикот на Холокаустот на Евреите – појаснува премиерот.

Во пораката уверува дека се гради искрено пријателство кое, како што вели, неколку децении наназад беше изгубено и оти тоа беше загуба за двете земји.

„Ние повторно го најдовме нашиот пријател и брат. Да не дозволиме да  се враќаме назад. Тоа ни е обврска пред нашите деца. Некогаш можеби не сме доволно внимателни ние политичарите, некогаш правиме и грешки, но ве уверувам дека тоа е само невнимание, затоа што искрено сакаме соработка и пријателство како што тоа го потпишавме во Договорот за добрососедство и пријателство. Зарем можеме да заборавиме како премиерот Борисов и министерката Захариева се бореа за Македонија во Министерскиот совет на ЕУ и во Советот на Европа, за Македонија да добие датум за почеток на преговори со ЕУ? Се бореа како што се борат за својата земја.

„Зарем можеме да се правиме слепи и глуви кога гледаме и слушаме се што Бугарија направи и успее во тоа да и помогне на Македонија за добивање на поканата за членство во НАТО? Зарем цела Европа не виде како  Бугарија помага за Македонија и Западниот Балкан да се приближат кон ЕУ? Никогаш нема да го заборавиме тоа пријателство кое е докажано на дело. Ние сме благодарни и многу го почитуваме тоа – вели Заев.

актуелно Борисов бугарија Заев македонија пријатество
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.